Vrabotuvanje.com - Во ГРАНИТ нема да има има ни едно отпуштање!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во ГРАНИТ нема да има има ни едно отпуштање!

Сите 1500 работници остануваат на работа. И ке им бидат продолжени договорите

Во ГРАНИТ нема да има има ни едно отпуштање!

Градежната компанија „Гранит“, преку посебно соопштение потпишано од генералниот директор Зоран Милковски, денес упати порака до сите над 1.500 вработени дека никој од нив нема да остане без работното место, вклучувајќи ги и сезонските работници. Во овие неизвесни времиња ова е извонреден гест, кога една голема компанија застанува зад она највредното – човечкиот капитал.

Почитувани вработени,
Иако се соочуваме со големи тешкотии за работа во услови на вонредна состојба и пандемија, Гранит како најголема и најстабилна градежна компанија во Македонија со над 1500 вработени, продолжува со изведување на градежните работи со лимитирани ресурси, скратено работно време и зголемени мерки и активности за заштита на вработените согласно препораките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија и Светската Здравствена Организација.

Во овие тешки моменти менаџментот на Гранит одлучи дека нема да отпушти ниту еден од своите вработени. Сите договори за вработување на нашите вработени кои истекуваат во овој период ќе бидат продолжени согласно законите на Република Северна Македонија.

Ви посакувам добро здравје на вас и на вашите најблиски.

Со почит,
Генерален Директор
Зоран Милковски

Извор:Веб страница на Гранит

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje