Vrabotuvanje.com - Во Турција робот ги служи пациентите со корона
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во Турција робот ги служи пациентите со корона

Роботот е контролирн од мобилна апликација и носи храна, пијалоци и лекови на пациенти третирани со коронавирус.

Во Турција робот ги служи пациентите со корона

Роботот започна со сервисирање на пациенти со коронавирус во болницата во Истанбул, како мерка за заштита на медицинскиот персонал од пандемијата, објави „Хјуриет Дејли њуз“.

Роботот, кој беше развиен во Лабараторијата за 3D медицински и иновативен дизајн на универзитетот во Истанбул и Техничкиот универзитет Јилдуз, претрпе серија тестови пред да биде пуштен во употреба во Универзитетската болница во Истанбул.

Роботот е контролирн од  мобилна апликација и носи храна, пијалоци и лекови на пациенти третирани со коронавирус.

Користењето на роботот ќе го намали физичкиот контакт на медицинскиот персонал со пациенти со коронавирус а со тоа и ќе се намали можноста да се заразува пресоналот

Коронавирусот може да доведе до нова ера во роботиката

Леила Туркер Шаннер, основач на универзитетската лабораторија, рече дека тие веќе добиле нарачки за уште 10 роботи и се во контакт со производителите и спонзорите за извршување на тие нарачки. Таа прецизираше дека мобилната апликација му овозможува на медицинскиот персонал да испраќа команди до робот. Шенер додаде дека тимот работи на создавање на напредна верзија на роботот опремен со систем за видео телефонија, кој ќе овозможи комуникација меѓу лекарите и пациентите.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje