Vrabotuvanje.com - На кој принцип ке се враќаат парите дадени за помош на компаниите?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

На кој принцип ке се враќаат парите дадени за помош на компаниите?

На кој принцип ке се враќаат парите дадени за помош на компаниите?

 Прашање 9: Обврзник сум на годишен данок на вкупен приход . Може ли да ми го објасните делот за враќање на парите добиени за финансиска поддршка за плата како 50% од остварениот финансиски резултат? Ве молам да ми дадете примери за да го разберам? Дали ако остварам загуба треба да вратам? 

Одговор: ЗАГУБА - Обврзник на годишниот данок на вкупен приход кој искористил мерка за финансиска поддршка во износ од 14.500 месечно по вработен, НЕМА да ги враќа примените средства од финансиски средства ако искажал ЗАГУБА како финансиски резултат во Билансот на успех за 2020 година.

ДОБИВКА - Примената финансиска поддршка, обврзник на годишниот данок на вкупен приход би ја вратил ако искажал ДОБИВКА како финансиски резултат во Билансот науспех за 2020 година, но максимирано најмногу до износот од 50% ДОБИВКАТА пред оданочување. Пример:

1) Добиена финансиска поддршка за 2 работници за месеците април и мај 2020 година [(2 х 14.500) х 2] = 29.000 х 2 58.000 2)

Добивка пред оданочување во Билансот на успех 33.500 3) 50% од Добивката пред оданочување во Билансот на успех (33.500 х 50%) 16.750 4) Работодавачот обврзник на годишниот данок на вкупен приход би вратил вкупно (на три рати, по 5.500 месечно, во месеците април, мај и јуни 2021 година) 16.500 5)

Износ кој работодавачот обврзник на годишниот данок на вкупен приход НЕМА да го врати (58.000 – 16.500) 41.250

Варијанта: 2) Добивка пред оданочување во Билансот на успех 150.000 3) 50% од Добивката пред оданочување во Билансот на успех (150.000 х 50%) 75.000 4)

Работодавачот обврзник на годишниот данок на вкупен приход би го вратил вкупниот износ на примена финансиска поддршка (на три рати, по 19.333 месечно, во месеците април, мај и јуни 2021 година) 58.000

Правило: Вкупниот износ на примена финансиска поддршка би ги вратил САМО оној работодавач, обврзник на годишниот данок на вкупен приход кој би остварил ДОБИВКА пред оданочување ДВОЈНО повисока од примената финансиска поддршка (58.000 х 2) 116.000

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje