Vrabotuvanje.com - Келнер доби 100.000 долари бакшиш откако одби да послужи жена без маска
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Келнер доби 100.000 долари бакшиш откако одби да послужи жена без маска

Вработен во Старбакс во Сан Диего (САД), кој одби да послужи муштерија затоа што не носи заштитна маска, доби речиси 100.000 долари во облик на дониран бакшиш, откако видео од настанот беше објавено на Фејсбук.

Келнер доби 100.000 долари бакшиш откако одби да послужи жена без маска

Ленин Гутиерез (24) ја одработувал својата смена кога една жена без маска влезе во локалнот, пренесува “NBC”.

Гутиерез ја прашал дали има маска за лице, но пред да успее да и ги покаже правилата на неговата компанија според кои од муштериите се бара да носат маски, жената го нападнала, а потоа и го снимила.

Откако незадоволната жена ја објавила снимката на социјалните мрежи, се случи пресврт што сигурно не се очекуваше.

Како што понатаму пренесува американската телевизија, на интернет за брзо време се појави страницата “GoFundMe page for barista Lenin Gutierrez”, на која беше објавено споменатото видео, а од корисниците беше побарано да донираат бакшиш за вработениот на Старбакс.

На страницата, на која досега се собрани 98.700 долари, се наведува и дека 100 проценти од парите ќе му бидат дадени на Гутиерез, за да може да го оствари својот сон и да стане професионален танчер.

Незадоволната муштеривка на Старбакс го објави видеото на својот профил на Фејсбук на 22 јуни.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje