Vrabotuvanje.com - Кога и како да побарате повисока плата?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Кога и како да побарате повисока плата?

Кога и како да побарате повисока плата?

Секој од вас се пронашол во ситуација да бара унапредување или покачување, а за истото да биде одбиен. За да не се случи тоа и следниот пат кога ќе барате повисока плата, прочитајте прво како не треба, а потоа и како треба да се однесувате во моментот кога го правите тоа.

Што не треба?

  • Да ги споменувате вашите приватни потреби. Тоа секако дека е важно и пред се човечки, но поголемиот дел од менаџерите/шефовите не сакаат да слушаат за тоа колку ви е тешко да израснете 3 деца, да отплатите кредит за стан или кола и слично.
  • Да правите споредба со колегите. Грешка број 1! Секој од нас чекори по различна кариерна патека така што споредбата никогаш не функционира. Зборувајте за своите вредности и како истите придонеле за развојот на компанијата.

Што треба?

  • Да станете најдобри во вашиот сектор. Не трудете се да бидете добри, туку одлични. Бидете толку посебни, така што сите ќе знаат дека се истакнувате.
  • Бидете личност која доаѓа рано на работа и веднаш почнува да работи. Немојте да одолговлекувате и бидете пример за другите.
  • Бидете личност која е ориентирана кон решенија, а не кон нови проблеми. Многумина укажуваат на проблемите, но не вложуваат напор за да ги решат.
  • Преземајте нови обврски. Најдобриот пристап е да барате да работите повеќе за да барате да заработувате повеќе.

Се надеваме дека следниот пат кога ќе барате покачување или унапредување – тоа ќе резултира со вистински успех.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje