Vrabotuvanje.com - Ова се најсмешните изговори за недоаѓање на работа - дали сте слушнале за некој од нив?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ова се најсмешните изговори за недоаѓање на работа - дали сте слушнале за некој од нив?

На секого понекогаш му се случува да измисли изговор за да избегне појавување на работа. Но, до каде оди човековата креативност прочитајте во топ 10-те најсмешни изговори за недоаѓање на работа кои ги издвоивме за вас.

Ова се најсмешните изговори за недоаѓање на работа - дали сте слушнале за некој од нив?

Ново научно истражување покажа дека дури 30 проценти од вработените, барем еднаш годишно, подлажуваат дека се болни или наоѓаат изговор за да не дојдат на работа.

Сепак, има и такви кои сакаат да ги комплицираат работите, па затоа менаџерите често ги фаќаат како лажат, наместо едноставно да кажат дека се болни, тие измислуваат едноставно невозможни причини.

Еден од нив му рекол на својот работодавец дека не може да дојде на работа затоа што прстот му бил заглавен во славината, додека на една жена и се слошило од премногу читање.

Иако мислиме дека сме виделе се, секогаш сме изненадени од нешто ново, поради што истражувачите издвоија 10 најсмешни изговори од луѓе кои се обиделе да не дојдат на работа:

- Не дојде на работа затоа што и се слоши од премногу читање

- Алкотестот не му дозволи да го запали автомобилот

- Има скршено срце

- Заборавил дека го вработиле

- Го повредил малиот прст

- Кучето имаше нервен слом

- Вработениот се вознемирил од тв серија

- Ја каснала птица

- Нејзината коса е портокалова откако се исфарбала сама

Кој од овие изговори е најсмешен за вас? Дали и вие сте имале слични искуства?

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje