Vrabotuvanje.com - Чешките угостители смислија начин како да работат за време на корона
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Чешките угостители смислија начин како да работат за време на корона

Ќе се регистираат како политичка партија!

Чешките угостители смислија начин како да работат за време на корона

Протестната иницијатива на чешките угостители „Умрено куче“ откри како да се надмине заклучувањето и строгите санитарни мерки на владата и одлучи да формира политичка партија „Ќе ја отвориме Чешка“, и сите ресторани, кафулиња, пабови, па дури и продавници што би сакале да бидат отворени и да примаат гости ќе бидат регистрирани како локални ограноци, каде што членовите одржуваат политички состаноци.

Секој ресторан што ќе се пријави ќе биде регистриран како огранок на политичка партија. Ќе се одржуваат состаноци, а гостите ќе бидат членови на нашата политичка партија. Состаноците на локалните собранија, политичките партии и парламентот се исклучени од законот за вонредни состојби, рече еден од иницијаторите на отпорот против карантинот, Јиржи Јанечек.

На прес-конференцијата во Прага на која иницијативата го претстави новиот начин за отворање на рестораните и кафулињата, и покрај ограничувањата, адвокатот Радек Сухи рече дека во секој ресторан или продавница, ќе има петиција која ќе биде неопходна за воспоставување политичко движење, додека на влезот ќе биде поставена видлива ознака дека местото е всушност седиште на локалната партиска организација.

Јаначек посочи дека над 1.000 ресторани и кафулиња веќе се приклучиле и се регистрирале на иницијативата.

Тоа е одговор на тоа што оваа влада ја злоупотребува својата моќ, рече Јанечек и додаде дека идната партија сепак нема да учествува на есенските парламентарни избори.

Иницијативата „Умрено куче“ го доби бизарното име по чешкиот епидемиолошки систем, чија кратенка „ПЕС“ на чешки значи куче, а владата го избра кучето како симбол за секое од петте нивоа на ризик во епидемијата на Ковид-19.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje