Vrabotuvanje.com - Град во Италија дава куќи за 1 евро и 15.000 евра за реновирање – треба да исполните само 3 услови!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Град во Италија дава куќи за 1 евро и 15.000 евра за реновирање – треба да исполните само 3 услови!

Троина во минатото се нарекувал „Нормански главен град на Сицилија”, а луѓето кои ќе посакаат да купат куќа тука, ќе може да си одберат некоја од многуте напуштени куќи, опколени со шума од 4.000 хектари, со панорамски поглед на околните планини. Местото е совршено за мирен, релаксиран живот, надвор од градските метежи.

Град во Италија дава куќи за 1 евро и 15.000 евра за реновирање – треба да исполните само 3 услови!

После Чингуефронди – град во јужна Калабрија во Италија, кој започна да продава куќи за 1 евро, иста понуда објавија и другите 20 италијански градови.

Еден од нив е и малиот град Троина на Сицилија, кој од јануари годинава започна со продажба на куќи по симболична цена од 1 евро.

Троина во минатото се нарекувал „Нормански главен град на Сицилија”, а луѓето кои ќе посакаат да купат куќа тука, ќе може да си одберат некоја од многуте напуштени куќи, опколени со шума од 4.000 хектари, со панорамски поглед на околните планини. Местото е совршено за мирен, релаксиран живот, надвор од градските метежи.

Но, оние кои ќе се решат да купат куќа за 1 евро, мора да се согласат со следниве услови:

  • Од купувачите се очекува да платат гаранција со депозит од 5.000 евра, кој ќе им биде вратен откако ќе завршат со реновирање на објектот.
  • Додека конечниот план за реновирање може да се достави една година по купување на објектот, работата мора да започне две години откако купувачот ќе го стекне имотот. Реновирање треба да биде завршено три години по купувањето.
  • Купувачите кои ќе се одлучат за живеалиште од 1 евро, може да добијат „бонуси за обновување“ до 15.000 евра, како и уште 10.000 евра за инсталации за енергетска ефикасност на објектот.

Ако сте подготвени да станете постојан жител на Троина, но не сакате да реновирате стар објект купен за 1 евро, градските власти се подготвени да ви обезбедат до 8.000 евра за купување куќа која нема потреба од реновирање. Градоначалникот на Троина Sebastiano Fabio Venezia објаснува: “Често се случува кога посетителите ќе се појават за зделка од 1 евро, на крајот да се решат за веќе реновирани куќи кои започнуваат од 10 000 евра“.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje