Vrabotuvanje.com - Лажирал дека е киднапиран, за да избегне одење на работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Лажирал дека е киднапиран, за да избегне одење на работа

Лажирал дека е киднапиран, за да избегне одење на работа

Едно момче од Аризона се нашло во проблеми, откако глумел дека е киднапиарн, со цел да избегне одење на работа.

Полицијата неодамна добила дојава, за маж кој лежи, со врзани раце на грбот. Веднаш е испратен полициски автомобил, кој набрзо известил дека нашле машко лице, кое било врзано на улица.

„Жртвата е идентификувана како 19-годишен маж, кој рекол дека го киднапирале две маскирани лица. Според неговите наводи, тие го удриле во глава и после тоа се онесвестил и се разбудил таму каде што бил пронајден“, пренесува „Одити Централ“.

Полицијата извести дека е спроведена темелна истрага и пронајдени се докази дека неговата приказна е измислена и дека немало киднапирање, ниту напад.

Момчето признало дека сето тоа го измислил, за да избегне одење на работа.

извор: info.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje