Vrabotuvanje.com - Туристите во Тајланд ќе го поминуваат карантинот на јахта
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Туристите во Тајланд ќе го поминуваат карантинот на јахта

Туристите во Тајланд ќе го поминуваат карантинот на јахта

Посетителите на Тајланд ќе можат да го поминат својот задолжителен двонеделен карантин на јахта, пренесува BBC.

Владата се надева дека новата иницијатива ќе донесе 1,8 милијарди бахти (58 милиони американски долари) приход од туризам на јахта. Овој потег има за цел да ја оживее туристичката индустрија во земјата, која беше сериозно погодена од пандемијата. Претходно, во јануари, земјата објави план за да им се дозволи на посетителите да го поминат својот карантин на терен за голф.

Нацијата од Југоисточна Азија се потпира многу на туристите, но минатата година ги забрани за да го ограничи ширењето на вирусот. Програмата за карантин на јахти ќе им овозможи на посетителите со негативен тест за коронавирус да го поминат своето време на јахта или мал брод за крстарење во Пукет.

Пандемијата предизвика пад на бројот на туристи во популарната туристичка дестинација од 40 000-50 000 на ден, на само стотици. Околу 100 јахти се очекува да учествуваат во Програмата. Патниците треба да носат паметна нараквица која ќе ги следи виталните знаци, вклучително и температурата и крвниот притисок, како и локацијата на корисникот преку GPS.

Уредот може да пренесува информации дури и на море, во радиус од 10 км, соопшти владата. Откако во март минатата година, Тајланд забрани странски туристи, од октомври постепено ги отвора своите граници. Минатата недела, тајландскиот министер за туризам најави дека ќе предложи план за карантин на странците во популарните туристички области, вклучително и одморалишта на плажа.

Планот за карантин во хотел се очекува да започне во април или мај во популарните провинции, вклучувајќи ги Пукет, Краби и Чианг Маи.

извор: radiomof.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje