Vrabotuvanje.com - Повеќе ништо нема да биде како претходно? Научниците потврдија дека нè чека нереална промена во годишните времиња
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Повеќе ништо нема да биде како претходно? Научниците потврдија дека нè чека нереална промена во годишните времиња

Новите генерации кои што допрва треба да дојдат и да уживаат во сите благодети кои ги нуди светот, едноставно нема да веруваат што ги снашло.

Повеќе ништо нема да биде како претходно? Научниците потврдија дека нè чека нереална промена во годишните времиња

Доколку треба да им веруваме на научниците, а сè поочигледно е дека ќе биде така со оглед на тоа што моментално се случува, до 2100 година климата толку многу ќе се смени, што летото би можело да трае и до шест месеци.

Тоа би се случило како последица на големото влијание на климатските промени, а летото дури и сега трае 17 дена подолго во однос на 1952 година, а зимата е пократка за три дена.

Доколку глобалното загревање продолжи со истиот овој интензитет, тогаш многу е очигледно дека за жителите на северната хемисфера зимата ќе трае само два месеци.

Тоа ќе има долгорочни последици по цела планета. Ќе биде загрозено земјоделството, а ќе се промени и однесувањето на животните.

Научнциите предупредуваат дека во северната хемисфера би можело да има појава на комарци која што со себе може да донесе и тропски зарази.

Меѓутоа, тоа е можно да се спречи доколку се намали емисијата на штетните гасови. Потребно е до 2030 година за 45 отсто да се намали емисијата на јаглерод диоксид кој што го произведува човекот.

До 2050 година потребно е целосно да не постои емисијата на јаглерод диоксид кој што го произведува човекот.

 

Извор : https://tocka.com.mk/

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje