Vrabotuvanje.com - Сепак можно е да има живот - Планови за град на Марс: Ќе има место за 250.000 луѓе
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Сепак можно е да има живот - Планови за град на Марс: Ќе има место за 250.000 луѓе

ABIBOO ги претстави плановите за првиот град на Марс.

Сепак можно е да има живот - Планови за град на Марс: Ќе има место за 250.000 луѓе

Градот наречен Nuwa City ја претставува првата заедница на Марс и може да биде дом на 250.000 луѓе. Изградбата е планирана долж карпата и во нејзината внатрешност, така што луѓето ќе имаат пристап до сончева светлина без ризик од прекумерна изложеност на космичко зрачење.

АБИБОО планира да започне да гради град на Марс во 2054 година, а првите жители треба да се вселат во 2100 година.

Повеќето рендери на Nuwa City ја покажуваат внатрешноста на собите. Карпата ќе им овозможи на сите да живеат во одделни простори, а исто така ќе имаат пристап до други локации посветени на земјоделството и енергијата. Жителите можат да одгледуваат добиток и да собираат соларна енергија.

Целта на проектот е да се изгради самоодржлива цивилизација на површината на Марс што може да преживее без постојан транспорт на храна од Земјата. Атмосферскиот притисок е помал од 1% во однос на Земјата, а космичкото зрачење е големо.

“Ќе мора мора да направиме бројни анализи за да се обидеме да ги разбереме сите околности што нè очекуваат. Треба да се соочиме со предизвиците што ги предизвикуваат условите на Марс, а еден од нив е гравитацијата, што е еднаква на една третина од гравитацијата на Земјата. 

За среќа, сепак, има СО2 и вода на Марс “, соопшти компанијата.

Тие додаваат дека водата е голема предност, односно дека ќе ги обезбеди потребните материјали за градба.

 

Извор : https://porta.mk/

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje