Овие две компании го представија својот нов модел на женски патики Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97. Ова е нивна трета соработка, предходно ги изработија Silver Bullet Air Max 97 патиките во 2017 година и Metallic Gold од истата колекција 2018 година.
Овој најнов луксузен модел се базира врз Air Max 97 моделот кој што е стар повеќе од две децении. Она кое што ги прави патиките да изгледаат посебно се употребените Swarovski кристали, со кои што на површина на патиките се формирани брановити линии со различни дебелини, а помеѓу нив се наоѓа класичен мрежести материјал обложен со сива и бела боја што е карактеристична на пролетните Nike патики.
Средниот дел на ѓонот на патиките е обложен со бела боја, а долниот дел е обложен во црна боја. Поларно сината боја по која што е именуван моделот на патиките е сместена со дискретен Swoosh симбол на брендот кој што е сместен на двете страни на патиките и на предната страна на јазикот..
Внатрешноста на патиките е црна.
Polar Blue Nike x Swarovski Air Max 97 до пред скоро време на сајтот на Nike се продавале по цена од 400 долари.