Vrabotuvanje.com - СПОРТ ВИСИОН ДООЕЛ
Podijeli
Tweet
Podijeli

СПОРТ ВИСИОН ДООЕЛ

Sport Vision е лидер во спортската малопродажба на Балканот. Основан е 1996. година како компанија чии основни трговски активности се: трговија, малопродажба и продажба на големо во областите на спортските индустрии. Денес Sport Vision има повеќе од 4250 работници и застапен е во повеќе од 12 земји во регионот - Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Романија, Бугарија, Грција, Чешка и Словачка, а седиштето на компанијта се наоѓа во Белград.

Нашиот успех се заснова на професионализмот, доверливоста и иновациите кои ги вреднуваме и сакаме да ги понудиме на нашите клиенти, партнери, потрошувачи и работници.

Наши брендови и концепти

Како водечки малопродажен синџир во регионот, имаме стратешко партнерство со брендовите: Nike, adidas, Reebok, New Balance, The North Face, Helly Hansen, Under Armour, Converse, Colmar, Timberland… Покрај тоа, Sport Vision иа свој сектор License со лиценцирани и дистрибутивни права за Champion, Umbro, Lotto, Ellesse и многу други брендови.

Во рамките на малопродажниот синџир, покрај Sport Vision мултибренд концептор, се наоѓаат и Buzz Sneaker Station, единствената дестинација за сите sneaker ентузијасти како и Sport Reality концептот, место за семејно пазарење.

Доверливост

Sport Vision е модерна компанија која се одликува со флексибилност, професионализам и динамична стратегија на развој. Од самото основање се позиционираше на пазарот со препознатливи брендови. Брзиот одговор на барањата на пазарот и професионалниот однос со потрошувачите и партнерите го дефинираше Sport Vision како компанија од доверба. Целта е да ја задржиме лидерската позиција во малопродажбата и да останеме инспирирани и активно поврзани со своите потрошувачи, клиенти и партнери низ единственото искуство на пазарење и дизајн на производи кои го потврдуваат стилот на нивните нови сопственици.

Придонес кон заедницата

Друштвена одговорност и соработка се обележја на културата на нашата компанија. Sport Vision ја исполнува својата одговорност кон друштвото препознавајќи ги потребите на младите таленти, децата на училишна возраст и осетливите категории. Активно вложуваме во развојот на спортот, ние сме горди партнери на многу професионални спортиски, клубови, кампови, теретани и многу млади луѓе кои имаат голем спортски потенцијал.

Оваа компанија функционира на етички и одржлив начин, занимавајќи се со еколошките и друштвените влијанија. Ние ја разбираме големината на одговорноста која ја имаме кон заедницата и затоа со сите сили се трудиме да направиме позитивно влијание во друштвото.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje