АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА
- Adresa: Западен Булевар бр.105, 1430 Кавадарци
Алајанс Уан Македонија АД како филијала на Алајанс Уан Интернешнал Инк., е дел од холдинг компанијата Пиксус Интернешенал со седиште во Морисвил, Северна Каролина, САД која оперира во 45 земји на 5 различни континенти во светот и во неа работат околу 4.500 постојано вработени и повеќе од 17.000 сезонски работници. Главна дејност на Алајанс Уан Интернешнал Инк. е производство и обработка на тутун кој се користи во интернационални брендови на цигари произведени од страна на водечките мултинационални производители на цигари.
Од средината на април 2011, Алајанс Уан Македонија работи во нови објекти со најнова и најмодерна технологија за обработка и складирање на тутун. Инвестирани се околу 13.000.000 САД$ во згради и нова опрема со што капацитетите за обработка и складирање се повеќекратно зголемени, се отвараат можности за постојани и сезонски вработувања и се исполнуваат високите стандарди на клиентите.
Главна дејност на Алајанс Уан Македонија е откуп и обработка на Македонски ориентални тутуни. За таа цел, компанијата склучува договори и откупува тутуни од тутунопроизводителите од цела Македонија при што околу 1/3 од вкупното производство на тутун во Македонија секоја година е откупено од страна на Алајанс Уан Македонија. Клиенти се водечките производители на цигари, како што се:
• Philip Morris International
• Philip Morris USA
• British American Tobacco
• Imperial Tobacco
• Japan Tobacco International
• Reynolds American Tobacco
Компанијата Алајанс Уан како една од 100-те најголеми извозни компании во 2018 година има достигнато преку 40 милиони евра извоз. Алајанс Уан Македонија се стреми да го промени животот на луѓето и веруваме дека сите ние заеднички можеме да создадеме еден многу подобар свет. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим, преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.