АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
- Adresa: Технолошка Индустриска РА Илинден, 1000 Скопје
АРЦ Македонија е дел од мултинационалната компанија ARC Automotive, Inc. која е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Во Македонија е присутна од 2015 година и за сега вработува 395 инженери, техничари, координатори, супервизори, оператори и административни работници. За тоа каква е оргинизациската кутура во компанијата и што е тоа што ги прави посакуван работодавач, прочитајте во продолжение:
За каков вид на производ станува збор и кои се нивните клиенти?
- Внатре во секое воздушно перниче има уред наречен инфлатор т.е надувувач, а работата на надувувачот е токму онака како што звучи: да го надува воздушното перниче кога ќе се активира. Со 70 годишно искуство на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи. Нашето мото е дека ние сме посветени на спасување животи.
Инаку, oфицијалното отварањето на АРЦ во Македонија се случи на 7ми Декември 2015. Со сериско производство стартувавме во февруари 2016. Успешно работиме веќе 7 години, а капацитетите постојано се зголемуваат и инвестираме во нови производствени линии.
Наши клиенти се буквално сите компании од автомобилската индустрија. Стратегиски сме лоцирани во Македонија за да го задоволиме пазарот на Европските клиенти од автомобилската индустрија.
Какви се работните услови и организациската култура на компанијата?
АРЦ нуди одлични работни услови, со целосен автоматизиран процес на производство и висока технологија. Производствените погони се беспрекорно чисти, без прашина, без хемикалии, бучавa и испарувања, централно климатизирани со постојана температура од 23 степени во сите годишни времиња. АРЦ обезбедува безбедна и здрава работна средина за сите вработени. Вработените се нашето најголемо богатство и воедно нашиот бренд. Ние ги препознаваме потребите на вработените и сме максимално посветени на правично и подеднакво третирање на сите со високо ниво на почит и достоинство како и атмосфера на отворена комуникација. Одржуваме практики за вработување засновани на еднакви можности за сите без разлика на возраст, раса, боја на кожа, пол, религија, национално потекло, инвалидитет, брачeн статус или сексуална ориентација.
Какви се профили на вработени (согласно секторите) вработува АРЦ Македонија?
Нашата компанија има официјална систематизација и хиерахиска поставеност. Инженери, техничари, координатори, супервајзори, оператори и административни работници.
Какви се бенефиции нуди компанијата и зошто би требало некој да се пријави за работа во АРЦ Македонија?
АРЦ обезбедува стабилно и сигурно работно место, каде без никаков компромис се почитуваат политиките на Компанијата за инклузивност, без дискриминација по било која основа, заштита на човековите права, како и сите закони и регулативи на Република Македонија. Сите вработени поминуваат обука на која се стекнуваат со исклучителни знаења и искуства, кои не можат да се стекнат на друго место, ниту низ процесот на формално образование. Ние ги евалуираме нашите вработени и применуваме интерна промоција за добрите перформери. Доколку покажат добри резултати вработените имаат можност за напредување во кариерата.
Нашата филозофија за управување со човечките ресурси е дека секоја повисока позиција во компанијата се пополнува со интерен кандидат кој покажал посветеност и добри резултати. Развојот во кариерата е нашата основна стратешка алатка во растењето на човечкиот капитал во АРЦ.
Обезбедуваме организиран превоз од/до работното место, како и топол нутритивен оброк во сите три смени. Чиста и здрава работна средина, тимска работа, отворена комуникација како и политика на отворена врата на менаџмент тимот. Во секое време можете да се обратите на Вашите претпоставени и да добиете одговор на сите Ваши прашања и грижи.
Колкав број на вработени има компанијата во моментов и каков е планот за раст и развој?
Во моментов имаме 395 вработени, со тенденција на зголемување на бројот на вработените од сите профили. Наскоро стартуваме со нова производствена линија за која вработуваме нови оператори, тим лидери, техничари и инженери. Наскоро ќе започнеме со изградба на нов производствен погон со што ќе нудиме уште поголеми можности за напредок во кариерата.