Vrabotuvanje.com - Kromberg & Schubert Macedonia Bt DOOEL
Podijeli
Tweet
Podijeli

Kromberg & Schubert Macedonia Bt DOOEL

  • Adresa: Индустриска-Зона/Жабени, 7000 Битола

„Kromberg&Schubert“ – германската фабрика за автомобилски кабли е лоцирана на само неколку километри од Битола, во индустриската зона „Жабени“. Ние сме единствената странска инвестиција во тој регион

Компанијата ја сочинуваат четири деловни единици, кабли, мрежи, пластична технологија и мехатроника, а производите ги пласираме кај најголемите европски производители на автомобили БМВ, Мерцедес, Ауди.

Почнавме со производството на кабелските снопови за проектот за
Mini Cooper како првенче на Kromberg&Schubert со само 153 вработени, за потоа да се приклучат проектите BMW X1, Mercedes Vito & Mercedes V-Class, Audi A4 и проектот кој моментално е во фаза на имплементација – Mercedes Sprinter.

Денес, со над 6000 вработени, сме една од најголемите странски инвестиции кај нас. Но, освен како една од најголемите, Kromberg&Schubert се разликува од останатите и според условите за работа, а за тоа најмногу можат да потврдат нашите вработени.

Во нашата фабрика главна дејност е производството на кабелски снопови за автомобилската индустрија. Таа дејност се одвива во производна хала која е чиста, средена и климатизирана па така работната температура се движи од 20-25 степени Целзиусови и во лето и во зима, услови со кои ретко некоја друга фабрика во регионот може да се пофали. Семејството на „Кромберг & Шуберт“ го сочинуваме над 6000 вработени кои работиме во 3 смени соодветно. За сите нас е обезбеден организиран превоз со автобуси кои не земаат од најблиската постојка дури и од подалечните села и не враќаат на истите по завршувањето на смената. Кантината која е во склоп на фабриката секојдневно подготвува топол оброк за сите нас и за истиот не плаќаме ни денар. Платата се исплаќа најдоцна до седмиот ден во месцот во овие 2 и пол години додека постоиме и ќе продолжи да се исплаќа и понатаму навремено. Во истата плата се вклучени и редовни бонуси за редовност и ефикасност. Покрај одморот кој законски следува, во текот на годината се спроведуваат и два колективни одмори од кои едниот е на почетокот на месец Август, а другиот е за време на новогодишните празници. Секој од вработените ги ужива правата кои му се загарантирани со закон и никој не е оставен „подолу“ од другите.

Имаме цела програма на бенефиции за вработените, настани и отворени денови на кои се забавуваме сите заедно.

Со причина се нарекуваме големо семејство. Во прво време нашата компанија имаше вработени само од градот Битола, а денес имаме луѓе од целиот пелагониски регион вклучувајќи ги Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево.

Што уште? Повеќе од 300 интерни унапредувања, практикантска програма, присуство на различни саеми, деловни патувања на повеќе од 700 вработени во Романија, Украина, Словачка, Тунис, Боцвана, Бразил…

Сакаш да бидеш дел од нашето семејство? Следи ја нашата компанија и сите активни огласи на vrabotuvanje.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje