МОТОЦЕНТАР ДОО експорт-импорт Скопје
- Adresa: Бул. Србија бр.10 К.Вода, 1000 Скопје
- Web: http://www.motocentar.com.mk
- Facebook profil: https://www.facebook.com/Motocentar.mk
- {: https://www.youtube.com/results?search_query=motocentar
Пневматикот е основата на сигурноста и комфорот на секое возило. Затоа и неговиот правилен избор и одржување се од големо значење. Токму тоа е основната определба на МОТОЦЕНТАР уште од основањето, во февруари 1994 година. Денес фирмата брои 150 професионалци кои во секој момент се подготвени да Ви помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците.
Разновидната палета на брендови овозможува различни профили на купувачи, од оние кои се ориентираат исклучиво според цена, до оние кои бараат врвен квалитет.
Како застапници на еден од водечките брендови за вулканизерско-сервисна опрема Џулијано од Италија, МОТОЦЕНТАР располага со најсовремени машини за монтажа и демонтажа на пневматици во сите сервисно – продажни салони.
Еден од центрите е лоциран на булевар “Србија“ бр 10 (кај скопска Цементарница), каде што покрај салонот за гуми, работи и сервис кој е модерно и богато опремениот со машини, апарати и алати за третман на пневматици, центрирање преден трап и брз сервис за сите типови патнички моторни возила.
На територијата на град Скопје Мотоцентар центри и салони се достапни на следни ликации :
- “Момин Поток“ б.б. (Качанички пат) каде можат да се третираат автомобили, полутоварни и товарни возила;
- во населба Маџари, на улица “Перо Наков“ б.б. (за товарни возила и протектирани гуми);
- во населба Нерези (спроти фабриката “Реплек“).
Мотоцентар веќе со години гради дистрибутерска мрежа на високо квалификувани дилери низ цела Македонија, а нашите производи се присутни на пазарот низ целата земја.
Во јануари 2015 e отворен најновиот Мотоцентар во Прилеп (на влезот во градот), а по само неколку години во 2017, уште еден целосно нов продажно-сервисен центар во Штип (во Идустриската Зона Македонка).
Најново, во март 2020 година се отворени уште два нови продажно-сервисни центри во Куманово (с.Доброшане) и Битола (на ул.Краварски пат бб, на патот за Грција). Со тоа најголемата продажно-сервисна мрежа на Мотоцентар брои 8 сопствени центри во 5 градови ширум Македонија.
Визија на компанијата
Да бидеме лидер во Македонија и регионот поставувајќи високи стандарди, нашите клиенти да ги увидат и уживаат во бенефитите од користењето на услугите на Мотоцентар- твојот центар за гуми.
Мисија на компанијата
Нашата мисија е да оствариме квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите. Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени.
Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и добро подготвени луѓе сме подготвени да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат.