Vrabotuvanje.com - Друштво за услуги и трговија САНТЕ ПЛУС ДООЕЛ Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli

Друштво за услуги и трговија САНТЕ ПЛУС ДООЕЛ Скопје

Санте Плус Хоспитал Груп е групација на здравствени установи, која е составена од 5 болници лоцирани во Турција, Македонија, Албанија и Косово. Сите болници во групацијата се специјализирани за 15 различни  медицински дејности. Исто така групацијата има 12 медицински центри лоцирани на Балканот, земјите од Среден Исток како и Евро-Азиските земји.​

Со врвен тим на специјалисти, комплетна медицинска услуга на едно местo, технологија од светски признаени производители, комфор на највисоко ниво, хигиена според светски стандарди, Санте Плус Груп обезбедува здравствени услуги , со концепт на услужливост и достапност 24/7

Услуги кои ги нудат клиниките на Санте Плус се : онкологија , радиоонкологија,онколошки операции, центар за дојка, уроонкологија, пет скен, гинекологија и акушерство, ИФВ и центар за неплодност, естетска хирургија, хирургија за дебелина, трансплантација на коса,дерматологија и козметологија, ортопедија и трауматологија, неврохирургија,офталмологија, уво нос и грло, интерна медицина, педијатрија, дијагностичка лабораторија и радиологија, итни случаеви и многу други...

Мисијата на клиниката е унапредување на здравјето и квалитетот на живот преку врвна здравствена услуга според светски протоколи и примена на најсовремена технологија и експертиза.

Визија

Нашата визија е континуиран напредок и усовршување на организацијата до ниво на  врвна здравствена услуга според светски стандарди достапна за сите пациенти.

Вредности

„Пациентот е нашиот приоритет“

Почит и доверба. Секоја личност ја почитуваме како човек и ги земаме во предвид нејзините специфични потреби. Нашата заедничка почит се темели на взаемна доверба и разбирање.

Грижа. Веруваме во моќта на насмевката, добриот збор и сочувствувањето со пациентот во процесот на неговото лекување.

Подобрување. Се трудиме секогаш да бидеме подобри од тоа што сме биле претходно. Свесни сме дека нашиот однос може да го промени однесувањето на луѓето околу нас. Сите сме меѓусебно зависни и континуираното подобрување ни дава можност да растеме заедно.

Тимот на Санте плус верува дека  успехот е резултат на колективна посветеност и тимска работа. Ваквиот пристап ни овозможува да создадеме услови за пријатна работна атмосфера, почит и доверба.

КАРИЕРА: Најголема вредност за нас е нашиот тим. Како врвна здравствена институција се стремиме во нашето големо семејство да ги привлечеме и задржиме најдобрите здравствени работници. Затоа создадовме посебна програма која ќе овозможи професионален развој на нашите вработени, ќе ги гарантира нивните права и ќе обезбеди пријатна и поттикнувачка работна средина. Ова е еден од нашите главни приоритети бидејќи задоволниот и мотивиран кадар е клуч за квалитетна здравствена услуга.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje