Авицена ДОО
- Adresa: ул. 1551 бр. 5Б, 1000 Скопје
ЗА НАС
Уште од самото основање во 1991 година, наша основна и примарна дејност е промоција и продажба на висококвалитетни дијагностички тестови, реагенси, опрема и лабораториски потрошен материјал од областа на микробиологијата, трансфузиологијата, молекуларната дијагностика, имунологијата, клиничката хемија и сите други области на клиничката лабораториска медицина.
Долгогодишното искуство и постојаниот раст на полето на ин витро дијагностиката, ни овозможи имплементација на нови и современи дијагностички тестови по светски стандарди во многу лаборатории и здравствени институции во државава, секогаш држејќи чекор со новите достигнувања во медицината, а во пресрет на барањата и потребите на нашите клиенти.
Секогаш во чекор со новите достигнувања во медицината, а истовремено во пресрет на барањата на клиентите.
КОМПАНИСКА КУЛТУРА
- Сатисфакција на високите барања на корисниците и исполнувања на барањата на пазарот.
- Непрекинато подобрување на ефективноста на системот за управување со квалитет.
- Опстојување во намерата за обезбедување реномирано место и присуство меѓу водечките компании на регионалниот пазар.
- Континуирано подобрување на квалитетот на услугите и на производите со кои секојдневно работиме.
- Постојано присуство кај корисниците со презентирање нови методи и техники на примена на производите од доменот на нашето работење.
- Создавање и одржување синергетски односи на партнерство со добавувачите.
- Поддршка и стимулација на креативноста на вработените, нивна иницијативност и одговорност кон квалитетот.
Високо ниво на професионализам, имплементација на нови иновативни ин витро дијагностички методи и маркетиншки решенија, синергетски однос со добавувачите и континуирана едукација на вработените како најважни услови за задоволство на крајните корисници и подобрување во целокупното деловно работење.
ВРАБОТЕНИ
Својата успешна работа Авицена дијагностика ја темели на својот менаџерски тим и на сите свои 40 квалификувани и обучени вработени, меѓу кои врвни биохемичари, биолози, земјоделски инженери, биохемиски инженери, лабораториски биоинженери, електроинженери, доктори по општа медицина, фармацевти и економисти.
Сите вработени се квалификувани и обучени за проблематиката и за програмата што ја работат, во матичните куќи на странските партнери со кои соработуваме.