Vrabotuvanje.com - ДС СМИТХ
Podijeli
Tweet
Podijeli

ДС СМИТХ

  • Adresa: ул.1632 бр.1 Г.Баба, 1000 Скопје

DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн на амбалажата и локалната услуга близу просториите на клиентот.Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во четири дивизии: амбалажа, рециклирање, пластика и хартија. Во нашата земја се застапени 2 дивизии: амбалажа и рециклирање.

Во Македонија компанијата е формирана во 1947 година под името Комуна, а од 2015 е дел од големото семејство на DS Smith и во моментов брои околу 150 вработени ентузијасти и таленти.

Нашата развојна политика е да ја задржиме лидерската позиција на македонскиот пазар како и да го зголемиме својот удел во соседството кое нешто може да го направиме со: создавање на партнерски односи со купувачите, развој на иновативни решенија, флексибилна и лесно прилагодлива организација, мотивација и едуцирање на вработените и одговорно работење со цел обезбедување на одржлив развој на компанијата и заедницата.

Нашата визија

Да бидеме водечки снабдувач на одржливи решенија за амбалажа.

Во DS Smith градиме подобар бизнис фокусиран на обезбедување на одржлива вредност за сите заинтересирани страни. За нас навистина одржлива вредност се создава кога се балансираат потребите на нашиот бизнис, нашата околина и нашите вработени.

Нашиот бизнис

  • Создавање заедничка вредност преку одговорно рециклирање, хартија и амбалажа.

Нашата околина

  • Минимизирање на нашето влијание од процесот на дизајнирање до производство и од процесот на снабдување до рециклирање.

Нашите вработени

  • Осигуривање на безбедност и здравје при работа, која секогаш е на прво место, развој на вработените и придонес за нашето општество.

Пет причини зошто да работите во DS Smith?

Направи разлика – ги охрабруваме нашите вработени да размислуваат и да делуваат надвор од секојдневното

Нашиот континуиран раст – двојно зголемување на нашата компанија, иако работиме со светски познати компании, имаме еднаков третман и кон помалите клиенти на кој им помагаме секојдневно

Иновации во водечка компанија – охрабруваме и постојано бараме подобри начини на работење, секоја нова идеја е добредојдена

Глобални можности – нашето единствено позиционирање во сите четири дивизии обезбедува глобални можности за сите кои ја имаат таа амбиција

Одржливост – охрабруваме постојано на нови идеи за да го подобриме нашиот дизајн, иновации и преприемништво.

Ние се обидуваме не само да привлечеме, туку и да ги задржиме талентираните и амбициозни ентузијасти за пакување, посветени на олеснување на товарот на нашите клиенти.

Со тим од над 28.500 ентузијасти за амбалажи низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и отчетност.

Нашите корпоративни вредности

Нашите пет корпоративни вредности се: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме и да сме упорни.

Да се грижиме

  • Се гордееме со тоа што го правиме и да се грижиме за нашите луѓе и за светот околу нас.

Да си задаваме предизвици

  • Не се плашиме конструктивно да се предизвикуваме еден со друг и нас самите за да најдеме подобар начин за во иднина.

Да ни веруваат

  • Секогаш може да ни се верува дека ќе ги исполниме нашите ветувања.

Да реагираме

  • Бараме нови идеи, разбираме и брзо реагираме на можностите.

Да сме упорни

  • Ги завршуваме работите.

Нашата организациска култура се заснова на развој и унапредување, а ангажираноста е една од клучните компоненти кои придонесуваат за остварување на развој и напредок на сите полиња.

Сметаме дека нашите вработени се тие кои што можат да направат разлика и конкурентска предност. Постојаната грижа за развој на вработените, соодветни обуки, мотивациски програми, можност за интернационално know – how, тимско дружење, грижа за безбедност и здравје при работа се само дел од нашето вложување за унапредување на процесите и развој на вработените.

Доколку сте ориентирани кон тимска работа, мотивирани и желни за нови знаења и сте приврзаници на квалитетно и одговорно работење, не двоумете се и уште денес започнете ја вашата кариера во DS Smith.  

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje