АЛКАЛОИД АД
- Adresa: бул. Александар Македонски бр.12 Г.Баба, 1000 Скопје
- Web: https://alkaloid.com.mk/
- Facebook profil: https://www.facebook.com/AlkaloidSkopje
- LinkedIn profil: https://www.linkedin.com/company/alkaloid-ad/
КОИ СМЕ НИЕ
Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во „Алкалоид“, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го сочуваме овој скапоцен подарок на природата. Со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.
„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.
„Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 18 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД и Велика Британија).
Друштвото брои 2.011 вработени во земјата и 598 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.
Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.000 акционери, физички и правни лица.