АСПРОМ ДООЕЛ
- Adresa: бул. Партизански Одреди бр,101, 1000
АСПРОМ е специјализирана компанија за изведба на подополагачки работи и е овластен претставник за продажба на разни типови производи од програмите на реномирани светски брендови. Во текот на изминатите 25 години, нашата страст за висок квалитет успеавме да ја преточиме во голем број успешно реализирани проекти како што се: медицински установи, деловни објекти, станбени објекти, продажно услужни објекти, спортски сали, индустриски објекти, државни и верски установи, хотели и паркинг простори.
НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ
Следење на најновите трендови од областа на подополагачките работи и производите потребни за нивна квалитетна изведба.
Создавање на задоволни клиенти преку навремена испорака на материјалите и одличниот квалитет на изведените работи.
Инвестирање во квалитетен кадар кој навремено ќе одговара на секој нов предизвик позиционирајќи го клиентот во центарот на вниманието.
ДЕЛ ОД НАШИТЕ ПРОЕКТИ
- Спортски објекти
- Проект 145 спортски сали на Министерство за образование и наука на Р.М. (спортски под – систем: гумена подлога и PU материјал)
- Стадион Арена Филип II Македонски, Скопје (PU, атлетска патека)
- Спортски комплекс Јане Сандански, Скопје (цементни кошулки, спортски под паркет – Мондоеластик 22, пвц подна облога, спортска пвц подна облога, епоксидна подна облога)
- Медицински установи
- Специјална болница Филип Втори, Скопје (Линолеум, ПВЦ подна и ѕидна облога, ПУ подна облога, епоксидна подна облога)
- Нова зграда на Гинекологија при Клинички центар, Скопје (репарација на цементна кошулица, линолеум со холкер, ПВЦ ѕидна и подна облога и теписон)
- Образовни установи
- Штулов Универзитет, Тетово (цементна кошулица и ПВЦ подна облога)
- Гимназија НОВА, Скопје – целиот кампус: градинка, основно и средно (поставување на линолеум со холкер)
- Wilson college, Тетово (епоксиден под)
- Деловни објекти
- Управна зграда на T-Mobile, Скопје (теписони)
- Дирекција на OSCE – зграда на ЗОИЛ Македонија, Скопје (ПВЦ подна облога)
- Холандска амбасада, Скопје (теписон)
- Деловен објект на Еколог Интернационал, Тетово (теписон и готов паркет – Tarkett)
- Хотели
- Хотел Холидеј Ин, Скопје (теписон)
- Хотел – Казино „PRINCESS„ Богородица, Гевгелија (монтажа на паркет и теписон)
- Хотел Арка – pool bar, Скопје (теписон)
- Хотел Карпош, Скопје (теписон)
- Станбени објекти
- Станбен комплекс Soravia Risort, Скопје (готов паркет – Tarkett)
- Станбен комплекс Мида, Скопје (паркет)
- Станбен комплекс Настел (цементна и бетонска кошулка, готов паркет Таркетт)
- Паркинг простори
- Хотел Marriott, Скопје (сачмарење на бетонска кошулка и изведба на епоксиден паркинг систем)
- Административен објект на ДГ БЕТОН АД, Скопје (сачмарење на бетонска кошулка и избедба на епоксиден паркинг систем)
- Македонска Филхармонија Скопје (сачмарење на бетонска кошулка и изведба на епоксиден паркинг систем)
- Продажно – услужни објекти
- Реконструкција на ЕВН филијали во Тетово, Гостивар и Куманово (подигнат под – Линднер)
- Продажен салон на „NIKE OUTLET„ Скопје (епоксиден под)
- Продажен салон на Хонда, Скопје (готов паркет – Tarkett)
- Продажен салон SPORT VISION, ГТЦ – Скопје (епоксиден под)
- Индустриски објекти
- Магацин на Coca Cola, Скопска Пивара (епоксиден под
- Млекара во Битола, Здравје Радово (епоксиден под)
- Кемет контролс, индустриска зона Бунарџик (подигнат под – Линднер)
- Државни и верски установи
- Македонски Народен Театар (Стар Театар), Скопје (линолеум, теписон)
- Управна зграда на Царина на РМ и Царински терминал, Скопје (линолеум
- Македонска Филхармонија Скопје (сачмарење на бетонска кошулка и изведба на епоксиден паркинг систем)
КАРИЕРА ВО АСПРОМ
Целокупниот успех на АСПРОМ е резултат на трудот на нашиот тим од вистински професионалци којшто навремено и точно успева да се справи со секој нов предизвик или барање од страна на нашите ценети клиенти. Динамиката на работење, можноста да се работи со најсовремена технологија, стекнатото колективно знаење и постојаната инволвираност во предизикувачки (интересни) проекти е она што не издвојува од останатите компании во нашата индустрија. На нашите вработени им нудиме стабилен работен однос со редовни примања и соодветна награда за придонесите во работењето согласно Законот за работни односи.
Сакаш да станеш дел од АСПРОМ?
Следи ја компанијата и биди во тек со сите огласи за вработување