КИЕЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
- Adresa: Ул.101 бр.6, 1226 Тетово
КИЕЛ МАКЕДОНИЈА
Киел е еден од водечките производители на иновативни транзитни системи за седишта за комерцијални возила и возила за јавен превоз, вклучувајќи решенија за седење за автобуси и возови на локално, регионално и меѓуградско ниво. Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Македонија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти. Киeл Македонија како дел од групацијата Киeл продолжува да се залага за иновации, ексклузивност и издржливост.
ИНОВАТИВНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ
Киел е синоним за интеграција на традицијата и техничкото знаење со иновациите и креативноста. Системите за седење произведени од Киел се одликуваат со нивната висококвалитетна, софистицирана технологија и нивниот современ дизајн додека ги исполнуваат највисоките барања за безбедноста и удобност на патниците.
ВОСПОСТАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ДОВЕРБА
Нашата мисија е да бидеме ориентирани кон клиентите и да одговориме на нивните потреби. Успешните партнерствата што ги имаме со нашите клиенти играат клучна улога во поставувањето на стандардите за нашите производи. Секојдневните позитивни повратни информации од клиентите и корисниците овозможуваат додатна мотивација за нашиот тим. Резултатите, нашата експертиза, довербата и соработката со клиентите се производи со висок квалитет и модуларни системски решенија кои поставуваат нови одредници во однос на безбедноста и удобноста.
УПРАВУВАНИ ОД ГРИЖАТА КОН ВРАБОТЕНИТЕ
Мотивацијата, лојалноста, тимската работа, смиреноста и целта на добро завршената работа е она што ги придвижува нашите 1.700 вработени кои ја водат комапнијата напред. Градиме заедници каде живееме и работиме и негуваме и споделуваме фундаментални вредности како што се меѓупочитувањето, тимската работа, довербата, различноста и посветеноста. Секоја личност е клучна за успехот на компанијата, а нашата колективна енергија ни овозможува да создадеме истовремено и професионална и семејно-пријателска култура и на тој начин да го надминеме секој предизвик што си го поставуваме.
Ние нудиме кариера што им овозможува на луѓето да се гордеат да работат за компанија со највисока етика и да ги применуваат своите разновидни искуства. Нашата стратегија за управување со таленти е да ги развиваме вработените и да ивестираме во нивната професионална квалификација. Нашата компанија е дизајнирана да привлече, развива, наградува и задржува врвни таленти.
ГРАДИМЕ ТИМОВИ ВО КОИ РАБОТАТА СТАНУВА ЗАДОВОЛСТВО
❝ Уште од мојот прв работен ден во Киел ме очекуваше топло добредојде од новите колеги, воведување во основните начела на “куќниот ред” на компанијата, запознавање на работната средина и запознавање со обврските на работното место. Сите кои сакаат да стекнат поразличо искуство од она кое го имаат, да стекнат нови познанства и потенцијални нови пријатели да не се двоумат да аплицираат за работно место во Киел. Доколку веруваат во своите потенцијали и квалитети, се докажат и покажат во работата, несомнено можат да напредуваат во кариерата. ❞
Сметководител
Супервизор во логистика
ЖИВОТНО ИСКУСТВО СО ОДЛИЧНИ БЕНЕФИЦИИ
Како дел од нашата компанија ќе добиете компензација која одговара на вашите квалификации. Уште поважно, ќе бидете во работна околина со можност за развој понатаму. Вие би работеле на различни проекти и со вашиот менаџер редовно ќе размислувате и правите планови за развој и интереси. Киел е меѓународна, инклузивна организација каде е лесно да се поврзете со колеги. Други пропратни бенефити се:
✔ Организиран транспорт
✔ Дневни оброци
✔ Работа по стандарди
✔ Чиста работна средина
✔ Проекти за дружење со колегите
Заинтересирани сте за кариера во Киел?
КИЕЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Улица 101бб. 1226 Желино, Македонија
е-маил: hr@kiel-sitze.mk
веб страна: www.kiel-sitze.de