АЛТАРО ДООЕЛ
- Adresa: ул.Васил Ѓоргов бр.31 Центар, 1000 Скопје
- Web: https://www.altaro.com/
ЗА НАС
Нашата цел е да ги воодушевиме нашите клиенти со целосно опремен и достапен backup софтвер поддржан од исклучителен тим за поддршка кој е решен да ви помогне да успеете во зашитата на вашата околина.
Приказната за Altaro започнува во 2009 година кога четворицата основачи Дејвид Вела, Сајмон Атард, Џулијан Пејс Рос и Стивен Чекути Бонавита по случајна средба сфатиле дека го делат истиот сон, поттик и знаење за да отворат своја софтверска компанија. На почетокот, компанијата била финансирана од нивните лични заштеди, а тие работеле на стари бироа се со цел да се заштеди на непотребни трошоци..
Денес, Altaro има повеќе од 40.000 компании од 121 различна земја како свои клиенти и глобална мрежа од 7.000 партнери меѓу кои се вбројуваат светските гиганти како NASA, Microsoft, Xerox, Discovery Channel, Amazon, Thomson Reuters и Peugeot.
Беспрекорната техничка поддршка е една од најважните активности на компанијата, заедно со континуираниот развој на софтверот. Многуте меѓународни признанија, награди и позитивни оценки од клиентите претставуваат доказ за посветеноста на компанијата на квалитетот.
КАРИЕРА ВО ALTARO
Altaro развива сопствено софтверско решение, користејќи напредни технологии кои им овозможуваат на вработените пристап до нови идеи и можности за напредок на работното место.
На овој начин, програмерите и претставниците за техничка поддршка во Altaro уживаат во работата многу повеќе фокусирајќи се на еден производ, кој се користи во целиот свет, отколку да работат на различни проекти без континуитет. Ова го поттикнува и личниот развој кај вработените, имајќи предвид дека тие се и дел од голбален тим на професионалци.
На новите вработени им овозможуваме да бидат дел од Altaro Bootcamp, нова и возбудлива програма за заработка додека се учи, која им овозможува на новодојдените тренинг и обука за да се стекнат со потребните вештини.
Сите нововработени во канцеларијата во Скопје, заминуваат на еднонеделна обука во Малта каде се запознаваат со остатокот од тимот. Најдобриот дел од годината е годишниот состанок – All-hands meeting, кога сите вработени од сите канцеларии на Altaro се среќаваат во Малта за да ги споделат најновите достигнувања и да разговараат за идните планови за развој на компанијата. Состанокот претставува и одлична можност сите да се забавуваат заедно.
Важен дел од секојдневието во Altaro е чувството на поврзаност и припадност кое е клучно за успехот на компанијата, а тоа го градиме преку голем број на тим билдинг активности.
Еве зошто нашите вработени во Altaro уживаат во работата:
Александар Спасески, .NET Програмер
Алтаро е она што го барав – пријателска средина која нуди предизвик во работата преку запознавање со најновите технологии, каде што научив многу и секојдневно се надградувам. Да работиш заедно со одлични ментори и колеги кои постојано се трудат да бидат најдобри во она што го работат, е навистина супер!
Маја Костова, прв вработен во канцеларијата на Altaro во Скопје
Бев навистина инспирирана од посветеноста на четворицата основачи на Алтаро, кои работеле неуморно за остварување на својот сон. Сакам да сум опкружена со луѓе кои се стремат кон успех и ги инспирираат другите да бидат најдобри во тоа што го работат. Од мојот прв ден во Алтаро, се чувствувам како дел од нивното семејство и навистина верувам дека ова е најдоброто место за градење на својата кариера.
Сакаш да се приклучиш на нашиот тим?
Следи не‘ и дознај прв за секоја нова отворена позиција!