Vrabotuvanje.com - Триглав Осигурување
Сподели
Tweet
Сподели

Триглав Осигурување

  • Адреса: Бул. 8-ми Септември бр.16 Карпош, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.triglav.mk

ГРАДИМЕ ПОСИГУРНА ИДНИНА, И ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА НАОЃАМЕ РЕШЕНИЈА ЗА НАШИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

Кога сакаш да ги оствариш своите сништа за иднината, мора да им вдахнеш живот и да им дозволиш да живеат без ограничувања. Тие сништа се дел од нашата мисија, во која веруваме и со која живееме, а таа е да градиме посигурна иднина. Мисијата ја остваруваме преку нашите вредности, агилност, едноставност и доверливост.
 

Секојдневно создаваме посигурна иднина за нашите осигуреници, сопственици, деловни партнери и се разбира, за вработените. Затоа секој од нас како поединец и сите заедно како тим веруваме дека со својата секојдневна и стручна работа придонесуваме кон сигурноста. На секој чекор, колку  и да е мал, можеме да подадеме рака и да понудиме сигурност. Тоа важи како за мирните периоди така и во време на неизвесност и промени.
 

Иднината на Групацијата „Триглав“ е полна со надеж и доверба, многу работа и посветеност, но и визија во која фокусот е клиентот, како и развој на нови начини на работа кои се темел на нашиот одговорен и долгорочен развој.
 

Извор за раст на профитабилноста се високо конкурентните и квалитетните услуги, ефикасното контролирање на ризиците и финансиската стабилност на Групацијата Триглав.

 

КАРИЕРА ВО ТРИГЛАВ

Групација Триглав

Групацијата Триглав има повеќе од 5.200 високо мотивирани и способни кадри во осум земји од регионот. Работните места во Групацијата се сметаат за едни од најпосакуваните работни места во регионот. Ние сме интернациoнaлна, мултикултурна компанија, која ги потиккнува и им помага на своите вработени во реализација на своите професионални и лични цели.

ГРИЖА, МЕНАЏИРАЊЕ И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

  • Доследна примена на сите законски акти кои се однесуваат на заштита на правата на работниците
  • Годишно мерење на организациската клима, за утврдување на задоволството на работниците
  • Развој и едукација на човечките ресурси преку организиран и развиен систем за едукација на матичното друштво
  • Стручна пракса во матичното друштво
  • Годишни средби на ниво на подрачја на работа
  • Учество на проекти на ниво на групација

ЗОШТО ГРУПАЦИЈА ТРИГЛАВ

Кај нас успешната соработка и добрите  односи се базираат на разбирањето помеѓу колегите, како професионално, така и лично. Грижата за нашите вработени ја сметаме за една од најважните стратешки цели на ниво на Групацијатa, која сака да им овозможи на своите вработени целосно искористување на нивниот потенцијал.

 

Кај нас вработувањето е сигурно. Покрај многубројните бенeфиции и грижата за здрава работна средина, вработените кај нас уживаат атрактивни можности за напредување, како и можност за работа во меѓународна средина.

 

Нашата цел е поттикнување на креативноста, мобилноста и интернационализација на нашите вработени.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде