Vrabotuvanje.com - НЕЛТ СТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели

НЕЛТ СТ ДООЕЛ

КОИ СМЕ НИЕ

Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со 4.000 вработени, во 12 компании на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во регионот на потсахарска Африка – во Ангола, Замбија и Мозамбик и успешно опслужува повеќе од 100 клиенти.

Компанијата е основана во 1998 година со основна дејност – дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка. Наши партнери и клиенти се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama’s, Dr.Oetker, Nutrino, Sebapharma, Johnson&Johnson, Jana Jamnica, Dijamant, Vitalia, Duracell.

По 30 години развој, Нелт Група стана синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ

Ние во Нелт знаеме дека деловниот успех всушност претставува успех на луѓето. Затоа се трудиме да ги вработиме, развиваме и задржиме најдобрите таленти, како и во компанијата да направиме пријатно и поттикнувачко работно опкружување, кое ќе ги инспирира вработените во секојдневната работа.

Големо влијание посветуваме на вработување на луѓе кои на најдобар начин ќе придонесат за нашиот успех, а изборот на кадри го вршиме комбинирајќи разни видови на селекција (тестови, интервјуа...), а секогаш имајќи ги во предвид нашите основни компаниски вредности, како и барањата на работните места, како би биле сигурни дека сме ги вработиле вистинските луѓе.

Иницијатива, тимска работа, посветеност, интегритет, професионалност се вредности и ставови кои ги цениме и сакаме да ги развиеме кај сите наши вработени, бидејќи сметаме дека се тие основа за успешност и напредок. Покрај тоа, свесни сме за важноста за мотивирани и стручни кадри, така што професионалниот развој на вработените ни е еден од приоритетите. Интерниот тренинг тим преку целата година работи на унапредување на знаењата на нашите луѓе, во склад со потребите организираме и екстерни обуки.

МОТИВАЦИЈА И РАЗВОЈ

Сите нови колеги на почетокот поминуваат период на иницијална обука во која се запознаваат со своите работни задачи и работата на сите сектори во компанијата. Со цел следење на новите трендови во работењето и развојот на нашите вработени, организирамие и различни типови на обуки кои се прилагодени за секој вработен. Со желба на најдобар можен начин да го пренесеме нашето знаење и искуство, во 2007 година формиран е интерен Тренинг тим кој во моментов брои околу 15 активни членови (асистенти, супервизори, менаџери на различни сектори и специјалисти во одредени области).

За нашите вработени организираме разни видови формални и неформални собири каде го развиваме тимскиот дух помеѓу колегите. Исто така, за вработените организираме различни акции и им овозможуваме најразлични поволности кои можат да допринесат во нивното задоволство на работа.

Сакаш да станеш дел од успешниот тим на Нелт СТ?

Следи ја компанијата и биди во тек со сите огласи за вработување!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде