ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје
- Адреса: Васил Ѓоргов 24/1-5 Центар, 1000 Скопје
- Веб страна: http://vrabotuvanje.com.mk/
- Facebook профил: https://www.facebook.com/vrabotuvanjecom/
- LinkedIn профил: https://www.linkedin.com/company/vrabotuvanje-com
Ние сме една група на луѓе, не има околу 40. Изненадени сте? Ај сега по ред да ви раскажеме зошто сме толку многу...
Ние сме Вработување.ком и имаме исто име како веб сајтот на кој моментално сте вклучени. Она по што сме препознатливи е секако огласната табла која вие секојдневно ја гледате, а на која отприлика секој ден има активни над 600 огласи за вработување!
За да вие можете да ги видите тие огласи а потоа да аплицирате на нив ние мораме тоа да го сработиме тоа за вас... И ич не е лесно ако така мислевте... Имаме неколку чекори, всушност повеќе се:
- Мораме да искомуницираме со фирмите кои имаат слободни работни места. А компании не се една и две ги има неколку илјади во Македонија. (Фирма е и секое дуќанче и секоја компанија со над 100 вработени) - Тоа го прави нашиот ТИМОТ ПРОДАЖБА
- Откако ќе одлучат да објават оглас ние треба да го издизајнираме тој оглас и да го ставиме на страницата- Имаме топ луѓе кои тоа го прават за фирмите ТИМОТ ОД ВЕБ и ДИЗАЈН
- Е после тоа се трудиме сите вие да ги видите тие огласи - Имаме финти за тоа и супер тим кој ептен брзо трча - ТИМОТ РЕДАКЦИЈА И МАРКЕТИНГ
- Гарант сте виделе дека немаме само огласи туку и вести: Актуелни настани, Закони, па занимливости а посебно сме горди на успешните приказни и интервјуата со македонски успешни компании... И тоа го прави тимот од погоре.
- Ако на некоја компанија и треба на пример да испрезентираме колку тоа они се кул и зошто е добро да се пријавите кај нив на работа - знаеме така фино да ги испофалиме незгодно да им стане, или да ни речат: Аман стопирајте 100 луѓе ни се пријавија за едно работно место- Што да правиме имаме мајстори и за тоа!
Тоа е она што вие го гледате нели на самиот сајт. Е сега... се она што не се гледа, а го работиме во позадина...
Подгответе се ќе биде долго, ќе зборуваме за она што го работат колегите од Vrabotuvanje HR Solutions, a тоа се тимот Консалтинг, Регрутација и Лизинг
Има компании на кои им требаат обуки за нивните вработени на пример примаат нови продавачи, или раководители на некој сектор и сакаат да ги обучат - Имаме тим кој го прави тоа..
Има и такви кои сакаат тим билдинзи за компаниите, совети за менаџерите, давање вистински правец на компаниите, совети за поголем успех и сл... и тоа правиме
Има компании на кои им требаат на пример разни истражувана во нивната компанија од типот задоволство на вработените, потенцијал на вработените имаме тим кој го прави тоа..
Некои од компаниите пак на пример сакаат да знаат колку нивните клиенти т.е муштерии се задоволни од нив, или пак сакаат да видиме како нивните вработени се однесуваат на работното место – се тоа ние скришно можеме да го направиме да, да, имаме тим и за тоа - ТИМОТ КОНСАЛТИНГ.
До тука е јасно?
Одиме понатаму...
Значи вака: Огласите кои се објавуваат се со причина да се пополни одредено работно место или места...Биографиите кои вие ги испраќате стигнуваат до компаниите каде сте се пријавиле и после тие ви се јавуваат и ве викаат на интервјуа...
Е ама има компании кои викаат вака: Може ли вие од Вработување да им се јавите на тие луѓе и вие да им направите интервјуа да не губиме ние време?
-Ние им одговараме: Може! И тука стапува на сила ТИМОТ НА РЕГРУТАЦИЈА
Исто работиме и ова...
Има и компании на кои им треба така наречено изнајмување на работници. Звучи чудно да ама тоа во пракса изгледа вака:
Доаѓа компанија и вика вака: Ми требаат работници за три месеци сезонци,значи да бидат вработени на определено ама не би се замарале со пријава одјава, и такви работи. Може тоа да го направите вие за нас?
-Може одговараме ние и ги упатуваме кај тимот од ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЗИНГ
Нормално имаме и:
Сектор ФИНАНСИИ секогаш грижливи на 1 први да исплатат плата !
Сектор АДМИНИСТРАЦИЈА културно и со внимание да пречека клиенти
Сектор ВОЗИЛА чисти и уредни превозни средства
И најбитниот најмал по бројност ама најважен по функција
Сектор ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР такозван ДИРЕКТОР
Тоа ни е на долго и широко објаснето а на кратко ако сакате:
Почнавме со работа 06.06.2003, кога интернет имаше само во интернет кафулињата и никој не ни замислуваше дека работа е возможно да се најде со еден клик. Ама имавме визионер кој и ден денес не бутка напред и отвара нови пазари и нови идеи. Си знае он кој е!
Најновото од нас е тоа што сега сме први другари со хрватскиот сајт МОЈ ПОСАО, дури и си личиме во дизајн и секако ептен сме горди што сме дел од финската Алма кариера групација што значи сме дел од најголемата мрежа на пазар на труд. Еве мапа за да не видите кое е нашето семејство.
Епа толку за сега... Ќе се надополниме пак...
И еве кои се клиенти на ја дале довербата. Бескрајно сме им благодарни!