За нас:
Најголема и најсовремена специјалистичка дијагностичка лабораторија за комплетна лабораториска дијагностика, која повеќе од 15 години, успешно работи и го унапредува човековото здравје, со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови од различни области на медицината: клиничка биохемија, микробиологија, ендокринологија, имунологија, трансфузиологија, молекуларна биологија.
Акредитации:
Една од првите лаборатории на нашите простори која се здоби со Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории според стандардот MKC EN ISO 15189:2013, доделен од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, кој е членка на ILAC (International Laboratory Accreditation Cooperation), и IAF (International Accreditation Forum) од страна на Меѓународна комисија.
Секојдневна рутинска внатрешна контрола на сите автоматизирани лабораториски системи.
Политика за квалитет:
Авицена лабораторија е дел и од неколку програми за редовна надворешна контрола на квалитет на медицински лаборатории, кои преку целата година, по прецизно и по строго определени временски интервали, се вршат од неколку странски институции.
Редовна надворешна контрола на квалитет од медицински лаборатории и институти: INSTAND e.V, Германија, и NEQAS (National External Quality Assessment Service), Велика Британија.
Компаниска култура и вработени
Авицена лабораторија се состои од високостручен кадар, професионален тим со повеќе од 110 вработени, меѓу кои повеќе лекари специјалисти микробиолози, молекуларни биолози и лекари специјалисти по медицинска биохемија, медицински лаборанти и економисти.
Негуваме и цениме посветеност, иницијатива, тимска работа и професионалност.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од успешниот тим на Авицена лабораторија и сте согласни вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на потенцијални кандидати, испратете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicena.com.mk со назнака „за надополнување база на податоци“.
Адреса:
Бул. 8-ми Септември бр. 2, лок. 1,
1000 Скопје
За повеќе информации:
www.avicenalab.com.mk