Vrabotuvanje.com - РЕПТИЛ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели

РЕПТИЛ ДООЕЛ

  • Адреса: ул.Пандил Шишков бр.7 Аеродром, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.reptilmarketi.mk

ВРАБОТЕНИТЕ СЕ НАША ГРИЖА, ЗАТОА ШТО ТИЕ СЕ НАШАТА НАЈГОЛЕМА СИЛА

ДПТУ РЕПТИЛ постои на пазарот од 1996 години и со особено задоволство можеме да се пофалиме со континуиран пораст на пазарот. Семејството на Рептил го сочинуваат 25 подружници лоцирани во Скопје и Виница, онлајн продажба и големопродажба на јавен и приватен сектор. Како компанија особено сме горди и благодарни на вработените кои се дел од нашиот тим од самите почетоци и кои заедно со нас ја креираат оваа успешна приказна.

Уште од самиот почеток со работа, секој нов вработен работи со искусен Ментор кој има обврска да даде насоки и да го усмери новиот вработен со цел побрзо да се вклопи и да ги совлада работните задачи. Менторот го олеснува процесот на учење и развој, и пружа несебична подршка на новиот вработен. Предзнаењето и работното искуство не е услов, тука сме да ги научиме сите кои имаат желба за работа.

Во Рептил горди сме што ги правиме работите поинаку. Ова не е обично работно време од 8 часа, нашето патување е обликувано од вработените.

Го цениме времето на вработените, нашите вработени имаат слободен ден за роденден и слободен ден на сите мајки кои имаат дете прваче. Балансот меѓу работата и приватниот живот е концепт кој го имплементира Рептил преку оптималното работно време по 7 часа дневно, во две смени. Оние вработени кој имаат дете до 1 година, имаат право на избор на смена. Работното место се трудиме да го обезбедиме блиску до местото на живеење на вработените, доколку нема услови за истото, го плаќаме превозот до работното место.

Ефикасноста ја наградуваме, секој вработен кој ефективно си ги извршува работните задачи, работи тимски и го остварува зададениот таргет добива исплата на бонус-таргет.

Поради брзиот раст, секогаш бараме мотивирани луѓе кои се подготвени да ни се придружат за да ги направиме нашите продавници, производи и искуството за купување подобро од било кога.

Вработените кои го помагаат и потикнуваат нашето брзо проширување преку препорачај пријател за вработување добиваат финансиска награда. Без разлика на вашата улога, можете да оставите свој белег како дел од нашата успешна приказна.

Понекогаш, најубавите приказни од работното место не се канцелариите со врвен поглед, или со модерни службени автомобили, долги паузи.

Понекогаш најубавите приказни се со луѓе кои се чувствуваат безбедно, ценети и се наградени според нивната вистинска вредност и придонес. Ние веруваме и се поддржуваме едни со други. Три пати во годината обезбедуваме вредносни ваучери за нашите најдобри вработени. Ќе ви ги дадеме потребните алатки и обуката што ви се потребни за да бидете најдобри и ви веруваме дека ќе продолжите.

Тука сме за вработените и во нивните најважни моменти од животот, заедно се радуваме и даруваме подарок за склучување брак и новороденче.

Пред се, за нас е многу важно врботените да се чувствуваат безбедно и да работат во здрава работна средина.

Рептил нуди еднакви можности за секој вработен, кој е амбициозен да оди напред со позиција и да бележи кариерен раст.

Вработете се во Рептил и уживајте ги нашите поволности и грижата кон Вас.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде