Vrabotuvanje.com - Друштво за трговија и услуги ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели

Друштво за трговија и услуги ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје

  • Адреса: ул. Лондонска бр.11А, 1000 Скопје

ЗА НАС

  Компанијата Хауз Мајстор Плус е основана во 2009 година, како компанија од секторот услуги, со три основни дејности во работењето:

  • професионални услуги за одржување на хигиена во станбен и деловен простор,
  • управување со станбен и деловен простор (согласно Законот за домување) и
  • професионални хаусмајсторски услуги (техничко одржување) во станбени и деловни објекти.

         Во дејноста професионални услуги за одржување на хигиена во станбен и деловен простор,  Хауз Мајстор Плус на своите клиенти им нуди постојани професионални услуги за хигиена во деловниот или станбениот простор, реализирани од страна на редовно вработени и професионално обучени хигиеничари, со целосна набавка на квалитетни средства и опрема за одржување на хигиената во просториите на клиентите. Во оваа област Хауз Мајстор Плус, покрај еднократни или повеќекратни чистења во станбени објекти согласно потреби на клиенти – физички лица, има потпишано едногодишни и повеќе годишни договори за тековно одржување на хигиената и контиунирано чистење на деловните објекти со повеќе од 100 реномирани компании во државата за чии потреби, компанијата ја одржува хигиената во повеќе од 300 објекти на деловните партнери во целата држава. Во оваа област, Хауз Мајстор Плус има соработка со голем број на компании од енергетскиот, банкарскиот, осигурителниот и ИТ секторот, соработка со медиуми, маркетинг агенции, шпедиции, трговски друштва и други, како и соработка со голем број на амбасади и дипломатски претставништва. 

      Позитивни резултати и постигнатите успеси во оваа област ја поттикнаа Хауз Мајстор Плус да ја прошири оваа дејност и во областа на одржување на хигиената во производствени капацитети што изминатите години резултираше со успешни резултати. Имено, Хауз Мајстор Плус успешно соработува и дава комплетни професионални услуги за одржување на хигиената во повеќе компании од автомобилската индустрија, во компании од тутунската индустрија и други помали производствени компании.

         Во дејноста управување со станбен и деловен простор (согласно Законот за домување) Хауз Мајстор Плус како компанија која е лиценцирана за работа со станбени и деловни објекти (лиценца бр. 0801-52/3) од 2012 година, компанијата преку целосно одржување на хигиената во станбените згради, хаусмајсторски поправки, инвестициони проекти и техничко-административни услуги поврзани со управувањето и функционирањето на станбените згради, успешно управува со повеќе од 250 станбени згради во градот Скопје, преку кои има развиено соработка со повеќе од 6000 сопственици на станбен простор.

         Во дејноста професионалнихаусмајсторскиуслуги (техничкоодржување) востанбени и деловниобјектиХауз Мајстор Плус нуди комплетни хаусмајсторски услуги за поправки и итни интервенции кои ги извршуваат тимови на квалитетно обучени и опремени хаусмајстори, кои својата дејност врз основа на примено барање за интервенција ја извршуваат на територијата на градот Скопје а согласно барањата на клиентите и на територијата на целата држава. Овие услуги се достапни за физички лица за потреби за куќни поправки и за компании и правни лица за поправки и интервенции во деловен простор.  

         Покрај овие основни дејности, Хауз Мајстор Плус во рамки на концептот на професионално управување и одржување на  објекти - Facility management, самостојно или во соработка со реномирани компании нуди и услуги поврзани со сервисирање и одржување на лифтови, сервисирање и одржување на ПП апарати, чистење на снег, хортикултурно уредување и одржување, молерофарбарски услуги, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, перење теписи, чистење на тапациран мебел, изработка на проекти за ентериерно уредување, инфраструктурно управување и сл.

          Сите услуги и комплетното функционирање на Хауз Мајстор Плус се извршува од страна на квалитетно обичен и едуциран хигиено-технички и административен персонал, во кој компанијата редовно инвестира во дополнителни обуки за стекнување на знаења и вештини, како од внатрешни така и од надворешни обучувачи.

          Хауз Мајстор Плус целосно ги има имплентирано стандардите: ISO 9001:2015 Систем за Управување со Квалитет, ISO 14001:2015 Систем за Управување со однос кон животната средина и BS OHSAS 18001:2007 Систем за управување со здравје и безбедност при работа а од оваа година е една од 45-те компании во државата која го доби и  сертификатот Фер со потрошувачот, издаден со поддршка на ЕУ од страна на Организација на потрошувачите на Македонија и организации од граѓанскиот сектор, што претставува уште една потврда за фокусираноста за потребите и барањата на клиентите и корисниците на нашите услуги. 

        Покрај грижата за имплементирање на стандарди во работењето и квалитетот на услугите, компанијата особено внимание во текот на својата работа обрнува кон лицата со социјален ризик и лицата од ранливите категории на граѓани (лица приматели на социјална помош, мајки во повеќедетни семејства, жртви на семејно насилство, лица со ниски семејни приходи, лица од ромската популација и сл). Грижата кон лицата од овие категории на граѓани се однесува во процесот на вработување во компанијата и во делот на намалени цени на услугите во објектите кои ги управува компанијата а за кои целосно ги намалува трошоците за хигиена и управување.

         Хауз Мајстор Плус со својата дејност и активност, денес поседува респектибилен удел од вкупниот пазар во дејноста со јасно поставени цели за зголемување на својата деловна активност, зголемување на бројот на услуги и зголемување на бројот на вработени.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде