Sara Fashion
- Адреса: Ул 34 бр 32 Индустриска Зона Илинден, 1000
- Facebook профил: https://www.facebook.com/SaraFashionOfficial/?ref=br_rs
- {: https://www.youtube.com/channel/UCjB8fZvv4GoAKPpGjF2hrCg
Ул 34 бр 32, Индустриска Зона Илинден
/SaraFashionOfficial
@sarafashionofficial
Sara Fashion
SARA FASHION - ДЕ-ТА ДЕЈАН
СОЗДАВАМЕ МОДА ДОСТАПНА ЗА СЕКОГО – приказна која значи СЕКОГАШ ПОВЕЌЕ...
ЗА НАС
Приказната за нашата компанија Де-Та Дејан започна да ги испишува своите први страници полни со предизвици и успеси во 1999 година. Овој бизнис стартуваше со првата успешна продажба на чорапи и хулахопки, а подоцна го прошири своето потрфолио со голема понуда на долна облека, пижами, костими за капење, модни додатоци за секоја сезона, топлинки, папучки, марами, шалови, капи, ракавици, чанти за на плажа и многу други производи кои се достапни за жени, мажи и деца. Овие производи го носат името SF, а продажните места Sara Fashion, бренд кој повеќе од две децении го препознава секој.
Стартот го красеа големиот ентузијазам, желбата за успех, силната посветеност, а низ годините овие предности се засилија со уште подобар квалитет на производите, доследноста во нашата работа, постојаноста во понудата и достапноста на нашите производи. Горди сме што Сара Фешн низ годините прерасна во една од најголемите македонски комоании во својата област на производство и дистрибувија на долна облека и костими за капење. Денес, нашата компанија брои повеќе од 200 вработени лица, кои се една од клучните ставки на нашиот успех, бидејќи заедно со наштиот тим ја следиме визијата и мисијата на компанијата, а тоа е од домашен, да прерасне во Балкански, па понатаму и европски бренд за долна облека и костими за капење.
Почнавме со неколку продажни места во Македонија, а сега нашето продажно семејтство брои повеќе од 70 продажни места во Македонија, Србија и Косово во кои ја пренесуваме модата достапна за секого. Освен својот бренд Sara Fashion, Де-Та располага и со уште два бренда Sara Fashion PREMIUM и Red Star. Освен својата малопродажна мрежа, преку секторот за големопродажба во Македонија, снабдуваме над 1.000 продажни места, од кои 700 се бутици, парфимерии и фамилијарни бизниси, а дополнително, снабдуваме повеќе од 350 доставни места на национални и локални маркети. Во Србија, преку нашата сестринска фирма Sara Socks, во моментов снабдуваме околу 500 доставни места на територијата на целата Србија.
Покрај сопствените брендови, Де-Та е ексклузивен застапник на повеќе светски признати брендови и тоа: Penti, NBB, Pompea, DAGI, Donella, Apple, Milano.
Кога пред две децении ја започнавме работата со компанијата, поставивме јасна цел и визија кои ги следиме постојано, па затоа сега можеме да кажаме дека развојот на компанијата е според трасираниот пат. Сепак, нашите идеи и апсирации за успех се поголеми, а со нашите планови за развој поставуваме се поголеми стандарди и работиме за исполнување на нашите цели.
Лидер на пазарот се станува со посветеност, доверба и истрајност, а ние сме благодарни на нашиот заеднички труд, на нашите потрошувачи со кои го градиме брендот и создаваме успешна приказна која значи СЕКОГАШ ПОВЕЌЕ.