Vrabotuvanje.com - АПТЕКА ВИОЛА
Сподели
Tweet
Сподели

АПТЕКА ВИОЛА

“Виола” Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Од своето основање во 1992 год., компанијата бележи континуиран развој. Визијата да понудат комплетна услуга на граѓаните, ја реализираат со фунцкионирањето на двете компании: “Виола” Аптеки и Веледрогерија „Виола Трејд.“


новоотворената најсовремено опремена аптека на Виола; локација - Настел

Во Виола секогаш ќе наидете на професионализам и квалитетна услуга од страна на нивниот тим на доктори и фармацевти кои со насмевка ќе ве пречекаат во една од 11-те аптеки на различни локации низ Скопје. Тие се секогаш тука за вас и за вашето здравје, достапни 24/7, благодарение на аптеката Виола кај Tobacco 2, која работи 24 часа на ден, со тим спремен да ви помогне тогаш кога ви е најпотребно.

Тимот на Виола е составен од стручни и елоквентни професионалци, организирани, иницијативни и со желба да ја исполнат визијата на компанијата. За нив довербата во аптеката и особено во фармацевтот кој ве услужува и ве советува за вашата терапија или избор на производ е многу важна.

Фармацевтот е последниот филтер кој треба да го провери вашиот рецепт, да ви го издаде правилниот лек и да биде сигурен дека правилно ќе го испиете. 

  Виола аптеките се снабдени со сите лекови од позитивната листа на лекови на Фондот за здравство на РМ и соработуваат со Фондот за здравствeно осигурување на РМ.

„Цените на лековите се исти во сите аптеки. Вие одлучувате каде ќе ги купите!

Ние никогаш не отстапуваме од нашите принципи на работење: снабденост со лекови во секое време, секогаш блиску до нашите потрошувачи, висока професионалност, стручност и експедитивност при услугата, тимска работа, секогаш отворени за нови идеи и знаења.

Повелете, ние сме тука да Ви помогнеме да живеете поздраво и поквалитетно!“

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде