Hanters Life – Дом за стари лица
- Адреса: Адреса: 1 бр.28 А Катланово, Петровец, 1000 Скопје
- Веб страна: https://domzastarilica.mk/za-nas
- Facebook профил: https://www.facebook.com/hanterslife/
- HANTERS LIFE е основан во 2018 година
- Ресорт со површина од 75.000 м2
- Интегрирани европски стандарди
- Единствен ресорт во МК за сместување на 150 и повеќе лица
Мисија: понуда на висок квалитет на грижа за нашите корисници, кои во ХАНТЕРС ЛАЈФ ќе добијат удобно сместување во својот нов луксузен дом, опколени со убава природа и чист воздух.
Локација: Домот за живот Хантерс Лајф е сместен на 25 километри од центарот на Скопје, на повеќе од 7.5 хектари пошумена парцела во непосредна близина на Катланово, општина Петровец.
Hanters Life се состои од интегриран и функционално поврзан комплекс на луксузни апартмански живеалишта.
Секој апартман има површина од 40 м2, и е концeпиран со одделен дневен престој, со сопствена чајна кујна, бања и посебна соба за спиење со две легла. Секој апартман е опремен со нови софи и фотељи, трпезариска маса и столчиња, ЛЕД телевизор, системи за безбедност и дојава. Апартманите имаат сопствен систем за греење и највисоки стандарди за топлинска и звучна изолација.
Она што целосно не разликува од останатите домови, е функционирањето на високо луксузен центар за здравје, во кој нашите станари имаат 24 часовна нега, услови и опрема за физиотерапевтски услуги, масажи со најсовремени медицински апарати и соодветни помагала, фитнес сала, како и оддел за грижа за естетскиот изглед на нашите станари.
Во рамки на Центарот за здравје функционира амбуланта за здравствени прегледи кои се спроведуваат во соработка со доктор по општа медицина. Воедно водиме континуирана грижа со спроведување на редовни биохемиски и микробиолошки анализи во соработка со реномирани лаборатории.
УСЛУГИ
НЕЗАВИСНО ЖИВЕЕЊЕ
Нашата опција за Независно живеење овозможува сопствен дом, своја семејна атмосфера и целосна независност на станарите. Наша обврска претставува одржувањето на личната хигиена и хигиената на домот, исхраната и најважно од се, здравјето на дневна основа.
Станарите се дел од дневните здравствени и физиотерапевтски активности, целосно креирани да го одржуваат нивнот активно здравје и истото да се подобрува.
Квалитетот на живот на станарите е загарантиран преку нашите програми за активна социјализација и партиципација во креативни, културно-забавни и инвентивни активности. Наша грижа е и убавината на станарите, преку нудење на интегрирани козметичко-фризерски услуги. Воедно овозможуваме и перење и пеглање на личната облека. Во Hanters Life, станарите можат да живеат самостојно, со свој/а пријател/ка или пак како брачна заедница.
АСИСТИРАНО ЖИВЕЕЊЕ
Опцијата за живеење со помош, или асистираното живеење е дизајнирана за возрасни луѓе на кои им е потребна нега.
Овој начин на живеење им дава на нашите станари безгрижен живот, бидејќи нивните обврски се наша грижа.
Преку асистираното живеење, обезбедуваме станарите да ја добиваат својата дневна здравствена нега под директен надзор на медицински и помошен персонал. Целосно ја одржуваме нивната хигиена, и обезбедуваме посебна исхрана согласно насоките на медицинскиот персонал и нашите нутриционисти која по потреба се носи во апартманите на станарите. Истовремено ние организираме транспорт до здравствената ординација, како и услуги за рехабилитација во самиот дом.
Нашите станари ја имаат на располагање медицинската нега со вклучен дваесет и четири часовен надзор, со цел да излеземе во пресрет и исполнување на сите Ваши животни потреби.
ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ
- 24 часовна здравствена грижа
- физиотерапевтски услуги
- дневни масажи со најсовремени медицински апарати и соодветни помагала
- специјализирана фитнес сала
- доктор по општа медицина
- редовни биохемиски и микробиолошки анализи
Нашиот посветен и мотивиран тим, составен од медицински кадар и социјален работник, овозможува перманентна грижа за станарите со цел- одржување на здравјето на станарите и продолжување на нивниот живот на најдобар можен начин.
ИСХРАНА
Во ХАНТЕРС ЛАЈФ - Дом за долг и здрав живот, видот и начинот на подготовка на храната е клучен за здравјето на нашите станари. Во нашата кујна, целосно опремена согласно НАССР стандардите, храната се подготвува секојдневно, во две смени. Менито е подготвено согласно највисоките нутритивни вредности, а со цел да ги задоволи здравствените и енергетските потреби на нашите станари.
Нашите намирници за зеленчук, овошје и месо се набавуваат на дневна основа, во согласност со однапред предвидено мени. Целта ни е да овозможиме здрава и балансирана исхрана.
Во опцијата за асистирано живеење храната ќе се подготвува индивидуално и согласно насоките на медицинскиот персонал.
ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ
Хантерс Лајф е заедница која нуди поддршка, љубов и висококвалитетна грижа за своите корисници. Секојдневно сме посветени на создавање средина која не само што е безбедна и удобна за нашите корисници, туку и инспиративна за нашиот персонал.
Нашиот тим активно придонесува за подобар живот на старите лица, обезбедувајќи им не само физичка грижа, туку и емоционална поддршка и љубов што им е потребна во оваа фаза од животот. На овој начин, секој член на нашиот тим чувствува дека неговата работа прави вистинска разлика и придонесува за подобар свет околу него.
Најважна од се е љубовта кон постарите лица. Во Хантерс Лајф, секој жител е третиран со почит, љубов и внимание што им е потребно.
Накратко, да се биде дел од тимот на Хантерс Лајф значи повеќе од само работа. Тоа е можност да се биде дел од заедница која се грижи за своите членови, да работи во пријатна атмосфера и секојдневно да покажува љубов кон постарите.
Тоа е можност да создадете позитивно влијание врз светот околу вас и да направите вистинска разлика во животите на другите луѓе.
Дознајте повеќе за нас на: https://domzastarilica.mk/za-nas