Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ
- Адреса: „515/. 8, 1000 Скопје
Основна дејност
Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје е претпријатие чија основна дејност е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус.
Средниот годишен капацитет на постројката е 220 MW за производство на електрична енергија и 160 MW за производство на топлинска енергија.
ТЕ-ТО АД Скопје е независен производител на енергија (IPP) кој го снабдува со електрична енергија пазарот во Република Северна Македонија и во регионот, но учествува и на меѓународни пазари.
Топлината која се генерира во рамките на производниот процес на постројката се предава на градскиот топлински дистрибутивен систем.
Историјат
ТЕ-ТО АД е акционерско друштво кое е основано во 2005 година од странски и домашни инвеститори. Oсновна дејност на компанијата ТЕ-ТО АД Скопје е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус. Финалната инспекција на постројката за овластување за производство се изврши во мај 2011 година, додека лиценцата за производство на електрична и топлинска енергија е издадена на 24-ти февруари 2012 година, кога постројката започна со комерцијално работење.
Постројката е изградена од страна на меѓународниот конзорциум составен од GAMA Power Systems (Турција) и Alstom Ltd (Швајцарија) врз основа на договор за реализација на проектот по принципот клуч на рака, и во чии раце беа целокупниот инженеринг, набавки и градба на постројка, притоа следејќи ги домашните и меѓународните стандарди.
Кариера
Доколку сте заинтересирани да работите во високо професионално и стручно опкружување, компанија во која постојаниот развој и професионално усовршување на нашите вработени претставува цел за успех, Ве повикуваме да ни се придружите и допринесете кон исполнување на оваа цел.