ПЗУ БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА
БИОТЕК Лабораторија претставува прва специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема. Биотек Лабораторија е акредитирана лабораторија според сертификатот за квалитет ISO 15189:2013 и е прва приватна дежурна лабораторија со 3 засебни лиценци за: биохемија - имунологија, микробиологија и молекуларна дијагностика.
БИОТЕК Лабораторија со својот искусен тим е секогаш во чекор со светските стандарди притоа обезбедувајќи повеќе од 370 анализи од областа на медицинската биохемија (хематолошки,имунолошки,серолошки анализи), микробиологија и молекуларна дијагностика. Ја следиме нашата мисија, Биотек Лабораторија да е лабораторија за целото семејство се со цел да обезбедиме услуги за пациенти од сите возрасти на едно место. Врвната технологија која ја има нашата лабораторија дава брзи и прецизни резултати, а високо стручниот кадар е гаранција за грижата на здравјето на секој пациент. Континуираната грижа кон пациентите секогаш не мотивира да сме подобри, нудиме можност за земање на примероци со домашна посета и имаме обезбедено пристап за лицата со посебни потреби.
Денес БИОТЕК Лабораторија се издвојува со своите 4 локации во Скопје: Центар, Буњаковец, Кисела Вода и Ѓорче Петров.
Нашата мисија
- Беспрекорна грижа за пациентите преку врвни лабораториски услуги, базирани на најсовремена технолошка опрема, високо образовен стручен тим воден од професори и доктори кои се континуирано достапни за консултација.
- Стекатата доверба кај повеке задоволни пациенти е воедно и наш мотив да работиме уште подобро и да ги следиме нивните потреби.
Што им нуди Биотек Лабораторија на вработените?
- Одлични услови за работа и позитивна работна атмосфера
- Можност за континуирано напредување и надоградување
- Ги охрабруваме вработените да демонстрираат посветеност кон работата, креативност, градење заеднички тимски цели, меѓусебно помагање и континуирана грижа за пациентите.