Vrabotuvanje.com - Мик Мик Македонија
Сподели
Tweet
Сподели

Мик Мик Македонија

Најбрзорастечката компанија за поштенски услуги во регионот, „Мик Мик“ започна со работа и на македонскиот пазар

May be an image of 2 people and text

Со логистичко поврзување на источната и западната патна мрежа, „Мик Мик“ брзата пошта обезбедува најбрз транспорт без задржување на пратки во главниот магацин и нивно експресно пристигнување во соодветниот град за достава.

Компанијата „Мик Мик“ која е позната на регионалниот пазар по својата брза и прецизна достава и највисок процент на успешност при достава, и која редовно опслужува над 10.000 клиенти на Балканот, меѓу кои и брендови како Адидас, Интерспорт и Џамбо, започнува со работа и на македонскиот пазар. 
 
Влезот на македонскиот пазар на Мик Мик го обележаа големи инвестиции како во сопствени капацитети така и во аквизиција на постоечки. Преку ангажирање на најдокажани кадри на пазарот во државата и регионот, Мик Мик ќе го пренесе своето искуство и кај нас.

No photo description available.

Со користење на услугите на Мик Мик, и граѓаните и компаниите, добиваат можност за вистинско следење на пратките во реално време, овозможено преку системот за скенирање на пратки во секоја точка на контакт, што значи дека корисниците имаат целосен увид од приемот до доставата на пратката до крајниот корисник. „Истовремено, за сите корисници, на располагање е и нашиот Центар за грижа, кој работи со продолжено работно време до 21 часот“, велат од компанијата.

Кулминација на инвестирањето е логистичкото поврзување на источната и западната рута, што значително го скусува времето на достава на пратките за сите градови во Македонија. 

„Со логистичкото поврзување на западната и источната патна мрежа, преку одржувањето на 24 часовни рути, за граѓаните обезбедивме пристигнување на пратките најдоцна следниот работен ден меѓу кои било две населни места во државава“, истакнуваат од компанијата. 

No photo description available.

Покрај за граѓаните, лансирањето на Мик Мик на македонскиот пазар ќе донесе големи бенефиции и за компаниите, а посебно за трговците. Компанијата располага со сопствен ИТ тим кој нуди поддршка и напредни софтверски решенија за директно поврзување на системите на трговците со поштата и значајно скратени административни процедури.

Од компанијата додаваат дека постојано работат на развој на нови решенија во полза на граѓаните по терк на последните трендови од развиените земји, за да овозможат најсовремени поштенски услуги и во нашата држава. 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде