Vrabotuvanje.com - Garce
Сподели
Tweet
Сподели
  • Адреса: нас. Аеродром – ул.Вангел Тодоровски и нас. Даме Груев – ул. Лука Геров бб, 1000 Скопје
  • Facebook профил: https://www.facebook.com/mesarnicagarce2016/

Гарче 2016 е македонска компанија за производство, преработка и промет на свежо месо Формирана во 2016 година, со постојано фокусирање кон потрошувачите и понуда на голем број на здрави, свежи, квалитетни и проверени месни производи, Гарче денес е синоним за квалитет во месната индустрија.

Можете да не најдете на две локации:

  1. Гарче 2016 н. Аеродром – ул.Вангел Тодоровски бб тел 072 232 242
  2. Гарче 2016 н. Даме Груев – ул. Лука Геров бб тел 070 341 111

Со тим од 30-тина  вработени луѓе со различен образовен профил (касапи, технолози, продавачи, итн.), заземаме значаен удел на пазарот во Македонија од областа на месните индустрии по волумен и вредност на продажба.

Производството во Гарче се одвива по најсовремена технологија, по строго пропишани рецептури и начин на производство. Производите на Гарче се сертифицирани со HACCP. Вкупната палета на производи на Гарче вклучува: свежо месо, свежи месни производи, сувомеснати производи (производи чадени на дрва).

Освен сопствената малопродажна мрежа од засега 2 објекти во Скопје, производите на Гарче можат да се пронајдат во голем број хотели и ресторани со кој што имаме склучено соработка.

Исто така нудиме услуга купеното свежо месо да ви биде подготвено во нашата продавница.

Доказ за квалитетот на производите, произведени по водечки стандарди во месната индустрија, се континуираната експанзија на компанијата во последните 5 години , задоволните купувачи и одличната репутација.

“Нашата мисија е на потрошувачите да им понудиме здрави, свежи и квалитетни производи, а со тоа да ја исполниме нашата визија да бидеме пазарен лидер во регионот во нашата дејност и да освојуваме нови пазари”

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде