Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Оглас за вработување во ГД Гранит АД Скопје
ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.
ГД Гранит АД Скопје има потреба од
Градежни работници - 9 извршители
Потребни квалификации:
- ВКВ
- Со и без работно искуство
Компанијата нуди:
- Работен однос на определено време од 1 месец со можност за продолжување
- Основна нето плата за работното место изнесува од 12.000,00 денари
- Работното место e за регионот Кочани - Делчево
Напомена: Согласно Законот за заштита на лични податоци покрај биографијата потребно е да доставите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување, доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база.
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работа од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07.30 до 15,30 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето. Молбите за работа доставете ги во ГД ,,Гранит,, АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или преку полето Аплицирај
Служба за човечки ресурси - контакт телефон: 02 3218-748
Само кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат контактирани.