Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
TSD Groep е агенција за запослување на исклучиво технички лица, која има дваесет годишно искуство и експертиза во техничкиот сектор.
Располагаме со реномирана долгогодишна задоволна клиентела која успешно ја опслужуваме со квалитетен персонал и опрема.
Поради дефицит на технички лица на холандскиот пазар и енермното зголемување на побарувачката на солиден/квалитетен технички персонал, бараме способни стручни лица од Македонија, кои се спремни нивната кариера да ја градат во Холандија. Потребен е:
Електротехничар, електромонтер или електроинсталатер
Опис на работата:
Одржување / поставување на електрични инсталации, разводни ормари, електрични уреди, аларми, системи за видео надзор , вградување на светлосна инсталација и друго.
Работни услови:
- Работното време е 8 часа дневно, државни празници како и сабота и недела не се работи. Работата се извршува на локации во Холандија, Белгија и понекогаш Луксмебург. Има шанси за прекувремена работа, во тој случај првите 2 часа се плаќаат 25% дополнително (екстра), а наредните 50% дополнително (екстра). При работа во недела или празник, се плаќа 100% дополнително (екстра), значи дупло се плаќа.
- Почетна плата од € 8 до € 13 бруто за час, зависно од возраста и искуството, плус службено возило и гориво, стручна опрема и алат.
- Почетната плата при успешно функционирање ќе се зголеми во сооднос со тарифите кај клиентот, после период од 6 месеци. Ако работната година биде профитна, следува бонус за секој вработен кој варира од 5-10% од годишната плата.
- При работа на подалечни локации, првите два часа од патувањето не се плаќаат, другите се плаќаат 70% од вредноста на нормален работен час.
Потребни квалификации:
- Средна Стручна Спрема (ССС) електро насока (електротехничар, електромонтер или електроинсталатер).
- Минимум 3 (три) години работно искуство на соодветната стручна спрема и на наведените позиции од описот на работа.
- Пол машки, максимална возраст до 45 години.
- Кандидатот мора да има бугарски пасош и основно познавање на англиски јазик или германски јазик (доволно добро за да може да комуницира со работодавачот).
- Кандидатот треба да биде спремен да престојува и работи во Холандија, во периоди од 6 (шест) недели до година дена. Максималниот период на престој и работа може да се продолжи на неодредено време, доколку кандидатот се покаже доволно стручен и способен. Значи опцијата за перманенетен престој и работа, постои и зависи индивидуално од кандидатот.
- Возачка дозвола минимум Б категорија.
Кандидатите може да ги доставуваат своите биографии (CV-ја) со мотивациско писмо преку полето Аплицирај, задолжително на македонски и англиски јазик, во период од две недели по објавување на огласот.