Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
"Вивакс" е македонска компанија која постои повеќе од 20 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР
Одговорности и задачи:
- Организирање и осмислување на работата на менаџерскиот тим, со креирање на база на податоци за состаноците и дневната агенда на обврските.
- Вршење на деловна коресподенција од македонски на англиски јазик и превод на истата од англиски на македонски јазик и применетите акти од англиски на македонски јазик.
- Примање и воспоставување на телефонски повици, прием и најава на посетители и клиенти.
- Креирање на записници од деловни состаноци и средби.
- Спроведува истражувања и составува извештаи врз основа на податоците од истите.
- Организира состаноци и ги подготвува потребните документи за истите.
- Врши набавка на канцелариски материјал.
- Дава административна поддршка на канцелариската администрација.
- Врши работи доделени од страна на членовите на менаџерскиот тим.
Потребни квалификации:
- Завршено Високо образование се смета за предност.
- Минимум 1 година работно искуство на иста или слична работна позиција.
- Активно користење на MS Office.
- Одлично познавање на Англиски јазик (усмена и писмена комуникација).
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим.
- Самоиницијативност, доверливост, исполнителност, чесност и лојалност.
- Организираност и одговорност.
- Одлични комуникациски и организациски вештини (вербални и пишани).
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови
Ви нудиме:
- Можност за стекнување на знаење и искуство.
- Можност за напредување во работата.
- Обезбеден оброк.
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Аплицирај со задолжителна назнака “ЛИЧЕН АСИСТЕНТ’’.
Конкурсот е отворен 7 работни денови од неговото објавување (од 23.04.2018 до 02.05.2018).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!