Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
"Вивакс" е македонска компанија која постои повеќе од 20 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
МЕРЧАНДАЈЗЕР (Скопје)
Одговорности и задачи:
- Посета на малопродажни објекти и деловна соработка со вработените во истите.
- Позиционирање и грижа за производите во продажните објекти и следење на нивните рокови.
- Следење на трендовите и промените на пазарот и прилагодување на новонастанатите услови.
- Учество во исполнувањето на поставените продажни цели.
- Развивање и одржување на релациите со клиентите.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС.
- Со или без работно искуство.
- Работно користење на MS Office.
- Возачка дозвола Б категорија- активен возач.
- Пожелно е познавање на Англиски јазик.
Од кандидатот очекуваме:
- Енергија и желба за работа во тим.
- Желба за учење и напредок.
- Организираност и одговорност.
- Одлични комуникациски и презентерски вештини.
- Флексибилност за работа на терен.
Ви нудиме:
- Можност за стекнување на знаење и искуство, од искусни обучувачи кои се долгогодишни членови на тимот на Вивакс.
- Можност за напредување во работата.
- Службено возило, мобилен телефон и таблет.
- Обезбеден оброк.
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Аплицирај со задолжителна назнака “МЕРЧАНДАЈЗЕР (Скопје)’’.
Конкурсот е отворен 7 работни денови од неговото објавување (од 23.04.2018 до 08.05.2018).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!