Vrabotuvanje.com - Мерчандајзер Битола/Прилеп - Прилеп, Битола - Вивакс
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Мерчандајзер Битола/Прилеп

Прилеп, Битола

Рок за пријавување:

  • Вивакс

 
"Вивакс" е македонска компанија која постои повеќе од 20 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
 
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
 
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
 
МЕРЧАНДАЈЗЕР (Битола и Прилеп)
 
 
Одговорности и задачи:
  • Посета на малопродажни објекти и деловна соработка со вработените во истите.
  • Позиционирање и грижа за производите во продажните објекти и следење на нивните рокови.
  • Следење на трендовите и промените на пазарот и прилагодување на новонастанатите услови.
  • Учество во исполнувањето на поставените продажни цели.
  • Развивање и одржување на релациите со клиентите.
Потребни квалификации:
  • Минимум ССС.
  • Со или без работно искуство.
  • Работно користење на MS Office.
  • Возачка дозвола Б категорија- активен возач.
  • Пожелно е познавање на Англиски јазик.
Од кандидатот очекуваме:
  • Енергија и желба за работа во тим.
  • Желба за учење и напредок.
  • Организираност и одговорност.
  • Одлични комуникациски и презентерски вештини.
  • Флексибилност за работа на терен.
Ви нудиме:
  • Можност за стекнување на знаење и искуство, од искусни обучувачи кои се долгогодишни членови на тимот на Вивакс.
  • Можност за напредување во работата.
  • Службено возило, мобилен телефон и таблет.
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Аплицирај со задолжителна назнака “МЕРЧАНДАЈЗЕР (Битола и Прилеп)’’.
 
Конкурсот е отворен 7 работни денови од неговото објавување (од 23.04.2018 до 08.05.2018).
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде