Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Кочани
Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место
Референт за логистика во производна единица Filec
(работното место е за привремена замена поради породилно отсуство)
Одговорности и задачи:
Примање, потврда и следење на нарачки од купувачи
Спремање на документи за испорака до купувачи
Комуникација и координација на нарачките до добавувачи
Подобрување на интерен тек на материјали
Следење и контрола на залихите во магацин
Организирање на оптимален тек на залихи на материјали од влез до излез
Подобрување на перформансите и исполнување на таргети
Потребни квалификации:
Завршено високо образование - Економски факултет
Солидно познавање на работа со компјутер, пред се Microsoft Office ( Word, Excel, Outlook… )
Солидно познавање на англиски јазик - комуникација,читање и пишување
Способност за самостојна и тимска работа и работа под притисок со кратки рокови
Солидни организациски способности и комуникациски вештини
Нудиме:
Солидна и редовна плата
Постојана обука и стручно усовршување
Пријатна работна атмосфера
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 02.05.2018 година по електронски пат или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.
Напомена:
Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!