Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Затоа што сте:
Ентузијасти,
Професионални,
Посветени,
Ја сакате продажбата!
Бидете дел од Нелт СТ!
Вработуваме:
Агент за продажба – реон Штип, Кочани, Струмица
Кои сме ние?
Нелт СТ e дел од Нелт Група, организациски систем со над 3800 вработени, во 11 компании на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во регионот на потсахарска Африка - во Ангола, Замбија и Мозамбик.
Компанијата е основана во 1998 година со основна дејност - дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка. Наши партнери и клиенти се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, SC Johnson, Dr.Oetker, Hipp, Ipek Kagit, Sebapharma, Filippo Berio, Sportex, Natura Siberica.
Опис на работната позиција:
- Остварување на продажните цели и унапредување на продажбата
- Продажба на производи во согласност со постоечките работни упатства и правила, како и барањата од страна на компанијата
- Управување со планот за работа:
- Придржување кон планот за работа договорен со претпоставениот
- Почитување на дефинираните рути
- Унапредување и примена на комуникациски вештини, подобрување на продажбата во одредена област, преговарање со цел остварување на повисоки резултати
- Развивање на добар однос со клиентите од секое ниво
- Развој и примена на креативен мерчендајзинг и изложување на своето портфолио во соодветна категорија
- Претставување на работодавачот во најдобро светло преку стандардни и професионални манири
Услови и компетенци:
- Основни услови: ВСС
- Корпоративни компетенци: Професионалност, тимска работа, посветеност, комуникативност, продажни способности, стратешко размислување, способност за носење на одлуки
- Општи компетенци: Возачка дозвола Б категорија, одлично познавање на Microsoft Office, познавање на англиски јазик
Што нудиме?
- Одлична работна атмосфера
- Можност за развој преку адекватни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движењето од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на балканот и на афричкиот континент
Доколку сакате да постанете дел од нашиот успешен и динамичен тим и сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 20.05.2018 год.
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
http://www.neltst.mk/konkursna-prijava
или испратете го Вашето CV на
Нелт СТ, ДООЕЛ
ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
Запознајте ги дел од нашите брендови: