Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Проверете зошто НИЕ СМЕ ЕКИПА!
Спорт Висион има потреба од професионални, комуникативни и креативни
луѓе кои сакаат да бидат дел од нашата Екипа.
Со цел континуиран развој и унапредување на компанијата, објавуваме оглас за вработување на
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ - СКОПЈЕ
Потребни квалификации и знаења:
- Образование: ССС / ВСС
- Работно искуство: мин. 1 год. работно искуство на иста или слична позиција
- Работа со компјутери: познавање на MS office пакет
- Интерес и познавања од домен на спорт, спортска облека и опрема
- Обуки за техники на продажба и продажни вештини се значајна предност
Главни обврски и одговорности на позицијата:
- Ориентираност кон потреби на купувачи
- Примена на продажни техники и вештини
- Позитивен однос и убедливост во комуникацијата
- Прием и изложување на роба согласно пропишани процедури
- Организација и средување на магацин
- Одржување на хигиена во малопродажен објект
- Примена на стандардите за работа
- Грижа за имиџот на фирмата
Личен профил:
- Комуникативност и преговарчки вештини
- Спортски дух и ентузијазам
- Трудољубивост и доверливост
- Мотивација за работа во тим
Нудиме:
- Конкурентна плата и бонус пакети
- Професионален и пријателски тим
- Можност за напредок и кариерен развој
- Стимулативно работно опкружување
Кандидатите кои имаат интерес за позицијата и се препознаваат во бараниот профил, ги покануваме да аплицираат. Апликацијата, со Вашето CV и Мотивационо Писмо, испратете ја преку полето Аплицирај до 14ти мај 2018 година, со назнака “Продажен асистент - Скопје”.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.