Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Врз основа на член 22 и 23 од Закон за работните односи, Друштво за производство, трговија и услуги КОЛА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул.,,Качанички пат,, бр.254, Визбегово, тел:02 2656-770, објавува оглас за вработување за работно место:
Key Account Developer - 4 (четири) извршители
на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување
2 (два) извршители за реон Битола, Ресен
2 (два) извршители за реон Штип, Струмица
Услови за вршење на работата:
- ССС
- Работно искуство минимум 1(една) година
- Возачка дозвола Б категорија
Краток опис на работните обврски:
- Одговoрен за продажба на производите во КА купувачите за кои е одговорен;
- Имплементација на продажни цели и планови за исполнување на зададените цели за продажба за доделените купувачи во доделеното подрачје;
- Редовна посета на КА купувачите;
- Надополнување на стоки-производи на полица;
Работната недела трае 5 работни дена, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. Од понеделник до петок работното време започнува во 08:00 часот а завршува во 16:00 часот.
Основната нето плата изнесува 15.000,00 денари плус дел од плата за работна успешност.
Сите заинтересирани кандидати да испратат кратка биографија (CV) преку полето Аплицирај во рок од 5 работни дена од 08.05.2018 година до 14.05.2018 година, со назнака Key Account Developer за реонот за кој аплицира.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од:
Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.