Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Врз основа на член 22 и 23 од Закон за работните односи, Друштво за производство, трговија и услуги КОЛА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул.,,Качанички пат,, бр.254, Визбегово, тел:02 2656-770, објавува оглас за вработување за работно место:
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА - 6 (шест) извршители
на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување
3 (три) извршители за реон Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола
3 (три) извршители за реон Штип, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Велес
Услови за вршење на работата:
- ССС
- Со или без работно искуство
- Возачка дозвола Б категорија
Краток опис на работните обврски:
- Редовна посета на маркетите за кои е задолжен;
- Проверка на состојбата на сите наши производи во маркетот;
- Надополнување на производите на рафт;
Работната недела трае 6 работни дена односно 40 часа неделно од понеделник до сабота. Од понеделник до петок работното време започнува во 08:20 часот а завршува во 15:20 часот и сабота започнува во 09:00 часот а завршува во 14:00 часот.
Основната нето плата изнесува 17.000,00 денари.
Сите заинтересирани кандидати да испратат кратка биографија (CV) преку полето Аплицирај во рок од 5 работни дена од 08.05.2018 година до 14.05.2018 година, со назнака Унапредувач на продажба за реонот за кој аплицира.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од:
Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.