Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2017 година обезбеди услуги за 836.000 летови и повеќе од 115 милиони патници.
ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:
ПРАВЕН СОВЕТНИК
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
• Да осигури законитост на деловните активности да ги заштити правните интереси
• Контрола на соодветноста на нацрт-легислативата, наредбите, упатствата, регулативите и други правни акти кои се подготвуваат во компанијата и доколку е потребно, да се вклучи во изготвувањето на овие документи
• Да преземе мерки за измена или повлекување на правните акти кои се спротивни на применливите закони
• Да изготви мислења за правни работи кои произлегуваат при работењето
• Да врши методично управување со правното работење на компанијата, да дава правна помош на одделите, да изготвува и предава потребни материјали за судските и арбитражните органи
• Да ја претставува компанијата пред суд, арбитража и други државни и јавни организации при процесот на одлучување за правни работи
• Врши анализи и воопштување на резултатите од споровите, судските и арбитражните случаи и практиките за изготвување и спроведување договори
• Контрола на надзорот на компанискиот правно воспоставен ред за прифаќање на производи/услуги
• Учествува во развојот и преговарањето на деловни договори
• Организирање референтни и информативни работи за легислативата и регулативите со користење на разни средства, вклучително легислатива
• Администрација на работата за неизвршување промени во невалидни наредби и регулативи кои се донесени од компанијата
• Давање потребни информации за постојната легислатива и организирање на усогласеноста на компанијата со тековните регулативи кои се однесуваат на активностите
• Давање стручно мислење и правни совети
• Подготовка на договори и ревизија на договори
• Подготовка на индивидуални и општи регулативи во компанијата
• Припрема на процедури за регистрација на одредени оддели на компанијата
• Припрема на процедури за добивање на лиценци – дозволи за изведување на одредени активности, од страна на надлежни државни институции
ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ:
• Универзитетска диплома од Правниот факултет
• Положен Правосуден Испит
ВЕШТИНИ:
• Владеење на деловен англиски јазик (усно и писмено)
• Одлично познавање на Microsoft Office, особено Word и Excel и развиени компјутерски вештини
• Одлични комуникациски и меѓучовечки односи и способност за професионално застапување на компанијата
• Вештини за управување со стрес
• Демонстрирање на цврста работна етика
• Способност за филтрирање информации и проценка на приоритети
• Способност за развој и одржување на добри работни односи со владините институции и агенции
• Способност за размислување однапред и предвидување на потребите пред да настанат
• Способност за анализирање на законите и давање препораки
• Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи
• Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор
РАБОТНО ИСКУСТВО
• Најмалку 4 години корпоративно, правно искуство во професионална средина или во правна консалтинг фирма;
• Најмалку 7 години работно искуство
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Аплицирај
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!