Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Рамстор Македонија
Друштвото за трговија и услуги РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО , на ул.Св.Кирил и Методиј бр.13 Скопје моментално е во потрага по кандидат во нашиот Одделот Финансии и Сметководство. Ако сакате да работите во интернационално динамично опкружување и сакате да станете дел од нашиот тим, аплицирајте на следната позиција:
Одговорен за трговско сметководство-Head of trade accounting
Опис на работна позиција:
Книжење на трансакции од стоки, набавка на услуги
Книжење, контрола, известување за основни средства и амортизација, како и изработка на FA движења
Книжење на трансакции и одобренија од персонални трошоци
Книжење на сите финансиски трансакции, вклучувајќи продажба, увоз, банка, трошоци, побарувања и обврски
Изработка на сите даночни пријави и други соодветни документи
Подготовка на конфирамции и компензации од сите добавувачи и даватели на услуги
Управување со комуникација и процесот на надворешна ревизија
Следење на сите сметковни баланси кои се основа за локални и IFRS финансиски извештаи
Комплетирање на сите трансакции во согласност со календарот на месечните затварања на Рамсторе
Потребни квалфикации:
Универзитетска диплома –Економски факултет (Економски, ревизија, итн)
Одлично познавање на Македонската даночна и финансиска регулатива
Најмалку 5 години искуство (Искуство со управување-менаџирање би било предност)
Да поседува Лиценца за Овластен Сметководител
Лидерски способности за управување со тим, аналитички способности и ориентираност кон резултат
Вештини за управување со работна бизнис средина
Одлично зборување и пишување на Англиски јазик (Турскиот јазик ќе се смета за предност)
Искуство со локалните сметководствени стандарди, буџет, годишна пресметка,
Познавање на ИФРС стандарди;
Одлични компјутерски способности;
Биди член на тимот кој се стреми кон развој и професионализам , пратете го вашето CV и пропратно писмо на Англиски јазик со назнака Одговорен за трговско сметководство на маил: hr@ramstore.com.mk најдоцна до 20.05.2018 година.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!